Отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство

од 24HR

Отсуството од работа поради бременост,раѓање и родителство,неможе никој да ви го одеземе,тоа е еден од најубавите период каде му го посветувате целото внимание на вашето малечко!Според ЗРО во Р.С.Македонија има предвидено колку трае платеното отсуство поради бременост,раѓање и родителство:

Отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство (т.н. породилно отсуство) може да има два посебни периоди на отсуство: отсуството поради заштита на „мајчинството“ (кое го опфаќа периодот на бременост и раѓање) и отсуството поради „родителство“ (кое се надоврзува на отсуството поради бременост и раѓање).

Работодавачот доколку е запознаен со бременоста на работникот тој не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, и сл (Закон за работни осноси)

Должината на траењето на породилното отсуство е различна во зависност од бројот на родени деца. Доколку работничката роди едно дете, породилното отсуство изнесува девет месеци непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе), тогаш ова отсуство изнесува 15 месеци. Отсуството поради бременост, раѓање и родителство започнува да тече од моментот кога работничката ќе започне да го користи ова право, а тоа е најрано 45 дена, но најдоцна 28 дена пред раѓањето. Вкупниот период на породилно отсуство (9, односно 15 месеци) е сочинет од еден дел што работникот мора да го користи „задолжително“ и еден дел што може да биде искористен „факултативно“ (опционално). Задолжителниот дел од отсуството поради бременост, раѓање и родителство го опфаќа периодот од 28 дена пред раѓањето (како задолжителен период за започнување на породилното отсуство) до 45 дена по раѓањето (како задолжителен период за нега на новороденчето). Факултативниот дел од породилното отсуство им овозможува зголемена флексибилност на работниците да изберат колку вкупно сакаат да им трае ова отсуство од работа, но во рамките на вкупниот период од 9, односно 15 месеци. Работничката може да избере кога (во рамките на периодот од 45 до 28 дена пред породувањето) ќе започне да го користи породилното отсуство и кога, по истекот на „задолжителниот дел“ од отсуството (т. е. на 45-от ден по раѓањето) ќе го прекине платеното отсуство од работа и ќе се врати на работа. Во вакви околности, работничката има право на двојна материјална компензација: плата (поради враќањето на работа и редовното вршење на работните задачи) и надоместок на плата во висина од 50 % од утврдениот износ на надоместокот за породилно отсуство (како паричен надоместок за „неискористениот“, т. е. преостанатиот временски период од породилното отсуство на работничката). Покрај правото на породилно отсуство, работничките имаат право и на платена пауза поради доење до навршена едногодишна возраст на детето. Правото на платена пауза поради доење е во траење од еден и пол час дневно и во него се засметува и дневната пауза.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...