Во време кога граѓаните имаат повеќе избори од кога било, компаниите сè повеќе сфаќаат дека силната организација не се гради само со плата и добри работни услови. Таа се гради со долгорочна грижа, со чувство на стабилност и со јасно покажување дека вработениот претставува додадена вредност за компанијата, а не трошок.
Еден од најмоќните начини да се покаже олгорочна грижа за вработените се професионалните пензиски шеми – модел каде работодавачот уплаќа средства во доброволен пензиски фонд на име и сметка на вработениот, создавајќи дополнителна заштеда за неговата иднина.
Преку блог објава на нивната заедничка веб страница penzija.mk, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Триглав пензиско друштво а.д. Скопје и КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, објаснуваат зошто пензиските шеми се повеќе од финансиски инструмент. Тие се HR стратегија, ESG практика и силна порака за компаниската култура.
Како функционираат пензиските шеми?
Професионалната пензиска шема претставува организирано решение каде компанијата:
- уплаќа доброволни придонеси за своите вработени,
- средствата се собираат на професионална пензиска сметка на вработениот во доброволен пензиски фонд,
- фондот ги инвестира средствата за да обезбеди дополнителна капитализација,
- по пензионирањето, средствата се сигурно дополнување на основната пензија од првиот и вториот пензиски столб.
Најважниот аспект од оваа пензиска заштеда е дека средствата се лични и заштитени кај банките чувари на имот, одвоени од средствата на пензиските друштва, под константен надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС.
Што добиваат вработените?
За вработените, оваа придобивка има длабока вредност, бидејќи овозможува:
Дополнителна пензиска сигурност – Овие средства реално можат да ја подобрат финансиската состојба по пензионирањето.
Можност за следење на состојбата – Сметката е лична и секогаш достапна за увид.
Намалена финансиска ранливост во иднина – Колку порано започне акумулацијата на средства, толку е поголема капитализацијата.
Можност за лична одлука за повлекување на средствата – Бидејќи станува збор за лични средства,членот самостојно одлучува кога ќе располага со својата пензиска заштеда по исполнување на законските услови.
Чувство дека компанијата се грижи за нив – Овој бенефит е посебно вреден бидејќи покажува вистинска долгорочна грижа за времето кога вработениот веќе нема да биде во можност директно да придонесува за компанијата.
Што добива компанијата?
За HR професионалците, пензиските шеми се алатка што ја засилува секоја фаза од работниот циклус на вработените.
Механизам за задржување на кадар – Вработениот има силен мотив да остане таму каде што се гради неговата иднина.
Посилен employer brand – Кога кандидатот избира меѓу две работни места, ваков тип на бенефит е сериозна предност за избор на компанијата.
Повисока мотивираност и продуктивност – Луѓето работат посигурно и посмирено кога знаат дека нивната компанија ги поддржува финансиски на долг рок.
Култура на стабилност и доверба – Без потреба од маркетинг алатки, оваа системска политика испраќа сериозна порака дека вработениот е вреден и значаен дел од организацијата.
Како пензиските шеми ја зајакнуваат ESG стратегијата?
Иако ESG честопати се поврзува со екологија или корпоративно владеење, неговата „S-компонента“ – Social, е длабоко поврзана со грижата за луѓето.
Професионалните пензиски шеми се одличен пример за ESG-практика, затоа што:
Во делот „S“ – Social:
- директно придонесуваат за подобра благосостојба на вработените,
- ја намалуваат нивната ранливост порано и подоцна во животот,
- го зголемуваат нивото на сигурност и грижа во рамките на компанијата.
Во делот „G“ – Governance:
- претставуваат јасна, транспарентна HR политика,
- се спроведуваат преку лиценцирани пензиски друштва,
- се под надзор на регулаторни институции, што дополнително ја засилува одговорноста.
За компании што сакаат да покажат современ, европски пристап кон човечките ресурси, ова е многу силен, конкретен механизам.
Современо HR лидерство во пракса
Улогата на HR одамна не е само администрирање или регрутирање. Денешните HR тимови градат стратегии, ја менаџираат културата во компанијата, создаваат долгорочни програми за таленти и имаат влијание врз перформансите и конкурентноста на компанијата.
Пензиските шеми се алатка што им овозможува да дефинираат систем на грижа што трае, да создадат опиплива култура, да понудат бенефит со реална вредност кој не зависи од моменталната економска состојба и да ја поддржат визијата за одржлив раст.
На крајот, прашањето не е дали пензиските шеми се потребни, туку: дали една компанија може да си дозволи да нема ваков тип на стабилност и доверба во време кога токму тие вредности најмногу недостасуваат?
Стручните тимови на пензиските Друштва: КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје им стојат на располагање на сите компании за пронаоѓање на решение кое најдобро ќе се прилагоди на нивните потреби.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, http://www.mapas.mk/
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.
