Живееме во динамичен свет каде што се што ни е потребно можеме да го добиеме со еден клик на копче. Секојдневието ни е значително олеснето со помош на дигитализацијата и автоматизацијата.
Но, што се случува со професионалците за човечки ресурси? Реалноста е дека иако употребата на најразлични софтвери, платформи и апликации во речиси сите сфери на работењето на една организација, употребата на HR софтвери се уште не е широко распространета. Па така, HR професионалците во просек од 65% до 75% од времето го трошат на административните работи, како средување на досиеја на вработените, внесување на податоци за плати, следење на промените на статусот на вработените и администрирање на бенефициите на вработените. Планирањето, регрутацијата, селекцијата, тренингот и обуката и мерењето на перформансите на вработените им одземаат уште од 15% до 30% од нивното време. Трансформационите HR активности кои што и даваат дополнителна вредност на организацијата, како што се развој на организациска култура, стратешко планирање, пораст на иновативноста, истражувањата за employee engagement, employee experience се застапени со само од 5% до 15% од нивното време.
Што е важно кога носите одлука за избор на HR софтвер?
- да е user-friendly и лесен за користење;
- да нуди усогласеност со прописите и сигурност на податоците;
- сите HR процеси да се на едно место;
- реномето на компанијата која што го нуди на пазарот;
- можност за дополнителни надградби и приспособување на потребите на организацијата;
- миграција на податоците;
- поддршка и обука за користење на софтверот;
- да изобилува со најразлични типови на извештаи и аналитики како би можеле да носите основани одлуки.
Зошто да се задоволувате со застарени процеси, кога може да го користите нашиот HR софтвер Motiv8 за подобрување на искуството, ангажманот и задржувањето на вработените, истовремено и да го оптимизирате вашето работење со добивање на точни и навремени податоци и информации и најразлични извештаи кои што значително го олеснуваат работењето?
Повеќе за модулите и бенефициите од користењето на Motiv8 софтверот на Семос можете да ги прочитате на: motiv8.semos.mk и да закажете презентација на hr@semos.com.mk.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.