Polar Cape доби сертификат за “Одлично место за работа”

од 24HR

Polar Cape (Полар кејп) стана единствената ИТ компанија во Македонија која е сертифицирана од Институтот „Одлично место за работа“ од Шведска (Great Place to Work®). Компанијата соработува со институтот уште од 2014 година и соработката ја користи за постојано да ги подобрува условите кои им ги нуди на своите вработени. Процесот на сертификација се состои од анкета која ја пополнуваат вработените и пополнување на општ прашалник за компанијата.

Низ годините, Polar Cape ги употребува резултатите од овој прашалник за вистински да ги разбере потребите на своите вработени. Компанијата посветено работи на тоа дополнително да ги истакне своите доблести, но и да најде простор за понатамошен развој и подобрување. Ваквиот пристап овозможува да се задржи културата на работење и извонредното искуство на вработените во компанијата, но истовремено и да се овозможи атмосфера во која вработените на Polar Cape можат да работат на унапредување на своите вештини и на тоа да бидат најдобрите консултанти во својата струка.

Конечните резултати за 2022 година велат дека 91% од вработените сметаат дека Polar Cape е Одлично место за работа. За сертификација, потребен е просек од 70% на анкетата, а Polar Cape постигна просек од 88%.

Важно е да се истакне дека и покрај предизвиците со кои индустријата се соочува изминативе години, како што се пандемијата (а со тоа и повеќегодишна работа од дома и намалена социјализација), како и глобалната економска криза, Polar Cape успеа да ја сочува културата на работење со која најмногу се гордее, односно да не се промени чувството за тоа што значи да се биде вработен во оваа компанија.

Доколку се направи споредба на резултатите од минатите години и оние за 2022 година, се забележува дека и покрај растот на компанијата, вработените сѐ уште можат да ги почувствуваат придобивките од принципите врз кои е изградена оваа компанија. Но, културата на работење во Polar Cape не е нешто што се случило преку ноќ или случајно, туку се директен резултат на следењето на препораките произлезени од резултатите на анкетата „Одлично место за работа“. Да го цититаме нашиот извршен директор Simon Forshaw:”Се работи за свесни избори при секој процес – од интервјуирањето на идните вработени, до тоа како се пречекани, информирани за работните обврски, како и следење на нивниот прогрес во компанијата и на овој начин обезбедување на сѐ што им е потребно за да ја вршат работата.”

Еве и дел од резултатите од анкетата:

98% од вработените сметаат дека се чувствувале добредојдени кога ѝ се приклучиле на организацијата. Истиот број на вработени сметаат дека се третирани еднакво без оглед на нивната возраст, раса, етничка припадност или пол.

98% од вработените сметаат дека менаџментот е чесен и етичен во своите деловни практики.

96% од вработените рекоа дека на менаџментот може да му се пристапи и е лесен за разговор.

95% сметаат дека Polar Cape е психолошки и емоционално здраво место за работа.

94% од вработените се гордеат кога ќе кажат дека работат за оваа компанија.

93% од вработените со нетрпение очекуваат да дојдат на работа.

94% од вработените веруваат дека нашите клиенти би ја оцениле услугата која ја нудиме како „одлична“.

95% рекле дека луѓето тука соработуваат добро.

93% рекле „Можам да бидам свој овде“.

94% рекле „Луѓето овде се грижат еден за друг“.

Меѓу последните прашања во анкетата е отвореното прашање :”Што ја прави вашата организација одлично место за работа?”. Дел од коментарите кои вработените на Polar Cape ги дадоа на ова прашање можете да ги прочитате и погоре низ текстот, но она што нè направи особено горди е дека 42% од коментарите беа дадени во однос на “Луѓето кои работат тука”, односно луѓето кои работат за компанијата.

Навистина сме им благодарни на сите кои ни дадоа свои одговори и насоки за тоа како сакаат да се гради компанијата понатаму, бидејки одлични компании се возможни само доколку ги сочинуваат одлични луѓе!

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...