ПРАКСА ВО ТЕЛЕКОМ–ПАМЕТЕН СТАРТ НА КАРИЕРАТА

од 24HR

Smart Start е програма за практикантска работа на Македонски Телеком која нуди извонредни можности за развој на студентите. Со Smart Start студентите стекнуваат врвно практично искуство и уникатна шанса да бидат дел од Македонски Телеком, лидер во дигитализацијата. Нашите Смарт Старери го направија паметниот чекор и ја стартуваа својата кариера токму кај нас, во Телеком.


Тие успешно се интегрираа благодарејќи на нивните ментори, а нивниот развој постојано се следи преку средби со нашиот Главен извршен директор и Директорот за човечки ресурси.

Сега, веќе вработени во Македонски Телеком тие се дел од нашиот тим и ние сме горди на нивните постигнувања. Запознајте ги одблизу:

МИЛЕ

Full stack Developer

Миле е нашиот „ИТ guy“, кој работи на најпредизвикувачките проекти. Признава дека на почетокот бил збунет и срамежлив, но како што поминувало времето, воден од советите од поискусните колеги, се охрабрил да почне да презема иницијатива и да се чувствува комфорно во новата околина.„Смарт Старт ги надмина моите очекувања. Стравував дека нема да можам да продолжам паралелно да студирам, но си го докажав токму спротивното. Оваа пракса беше катализатор да се изградам на професионално ниво

МИХАЕЛА

Appliccation engineer

Михаела започна како практикант во Бизнис Маркетинг делот, за да стане наша колешка која работи на ИПТВ платформата. За неа е несомнено дека се стекнала со многу знаење и искуство во процесот на пракса и станала свесна колку има простор за надоградба. Михаела ви порачува – “Не ги пропуштајте и присуствувајте на сите Телекомски прослави, забавата е загарантирана!”

„Несомнено се стекнав со многу знаење и искуство или подобро да кажам сфатив колку многу работи не знам. Кога викам искуство, мислам и на тоа како е да бидеш дел од ваква голема корпорација како што е Македонски Телеком со толку многу вработени и сектори, што е од непроценливо значење. Незанемарливи вештини кои значително ми се подобрија се и комуникациските, токму поради тоа што во процесите се вклучени голем број вработени со кои треба да искомуницирам, при праќање на мејлови,- и затоа научив како правилно да се изразувам и слично; понатаму, – научив да бидам детална, да ги проверувам сите аспекти и да не оставам ништо на случајност, да ги завршувам обврските навремено и секогаш да бидам директна и отворена доколку имам некој проблем со цел заедно да го надминеме.“

БОЈАНА

Data Analyst

Бојана обожува да анализира и да работи со големи бази на податоци. Во нејзиното работење точноста е клучна, но во текот на праксата сфатила дека неизбежен дел од нејзината работа е да ги запазува временските рокови. Денес користењето на софтверските алатки Power BI, Excel, SPSS Modeler, Collibra, програмските јазици SQL и Python, како и навлегување во повисоките нивоа на сегментот Data Analytics, се нејзино секојдневие.

„Македонски Телеком со самиот пристап на дизајнирање на Smart Start програмата пронашол вистински начин како да се дојде до целта за да овозможат извонредни можности за личен развој и практична работа на студентите-учесници чиј дел, за моја среќа, бев и јас.“

ЉУБИЦА

Appliccation engineer

Љубица пак, во Македонски Телеком за прв пат се сретна со поимот агилна работа, и оттука агилното работење стана дел од нејзиното секојдневие. Нејзина прва задача како практикант во Службата за Дигитално искуство и иновации беше на ОneShop проектот – онлајн продавница развиена од Дојче Телеком каде што се врши онлајн дигитална продажба на производи. Моментало работи како UX / UI designer.„Креирав и менаџирав дигитални кампањи, предвидував и управував со нови функционалности на самиата веб страница и работев на нејзино развивање и подобрување. Сетирав уреди и цени. Се стекнав со практични професионални вештини, како и со вештини поврзани со начинот на агилно работење.“

МАРИНА

UX/UI Designer

Марина со нетрпение очекуваше да започне со практична работа и да се надградува професионално. Користењето на дигиталните алатки за учење придонесоа за развивање на нејзините меки и тврди вештини, а особено во процесот на креирање и управување со дигитални кампањи.

„Учев од професионалци со повеќегодишно искуство во доменот на дигитализацијата и имав можност да работам со нив на вистински предизвици.“

ИСИДОРА

Digital Product Owner

 За Исидора која сега работи како Digital Product Owner, оnboarding искуството беше одлично. Дигиталниот тим ја запозна со сите активности и тековни проекти на секторот преку низа заеднички дружби и состаноци, а топло добредојде им посакаа и Главниот извршнен директор Никола Љушев и Директорот на Секторот за човечки ресурси Ставрос Георгакопулос кои со нив споделија како успешно да ја започнат кариерата.

„За време на праксата се стекнав со голем број вештини: анализа на податоци, решавање на проблеми, преземање одговорности, менаџирање на маркетинг кампањи во апликација итн. Најсмарт одлука е да бидете дел од Смарт Старт, без двоумење!“

БОЈАН

UX/UI Designer

Бојан на сите нови практиканти им препорачува

„Не се плашете да правите грешки, не постои друг начин да научите“.

Како дел од нашиот тим тие ги користат бенефитите како и нашите ваботени и достапни им се на користење нашите врвни платформи за учење и развој. Се подотвуваме за новиот циклус на Смарт Старт и очекуваме многу нови, млади креативни студенити кои ќе направат паметен старт на својата кариера, токму во Македонски Телеком.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...