сабота, декември 27, 2025
Почетна СтатииПрактика на ротација на работни места

Практика на ротација на работни места

by 24HR

Ротацијата на работните места е практика на преместување на вработените помеѓу работни места во една организација.

Ротацијата на работните места им користи на вработените на безброј начини, од задоволување на нивната желба да научат до проширување на нивните вештини. Процесот на ротација на работните места е добар и за компанијата и за вработените во компанијата.

 Кои се придобивките од оваа практика на ротација:

-може да помогне да се задржат талентите нудејќи им на вработените бројни можности за учење.

-aко некој вработен си замине, други вработени можат лесно да ја преземат работата бидејќи има вработен кои веќе ја работел таа работа

– многу вработени кои работат долго се чувствуваат досадно и демотивирано на својата позиција и со тоа се намалува продуктивноста или одлучуваат да ја напуштат позицијата ,со ротацијата на вработните може да ги направи да се чувствуваат ценети,но и да ги задржи.

– вработените ја учат работата на различни одделенија и со тоа добиваат поубава слика и разбирање за работата на една организација.

-придобивка од процесот на ротација секако е и комуникацијата со останатите вработени а со тоа и се зголемува и задоволството и благосостојбата за вработените кои се екстровертни.

Секако покрај овие придобивки процесот на ротација дава чувство дека вработениот е ценет,како еден вид унепредување со тоа што му се дава шанса да се покаже на друга позиција,предизвик со кои треба да се справи а со тоа и да исплива на повисока позиција.

Related Posts

Leave a Comment