Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР www.AnaSaltirova.mk, Автор, Член на УО на МАЧР, Искусен HR професионалец, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој
„Невозможно“ почесто е мислење, отколку факт
Почесто е начин на размислување што директно влијае на резултатите што ги добиваме на работа, дома, во животот.
Во HR контекст, овој збор најчесто не се појавува директно. Тој доаѓа маскиран како:
- „Ова кај нас не функционира“
- „Луѓето не се спремни“
- „Пробавме, не успеа“
- „Нема услови“
И токму тука почнува приказната за влијанието на размислувањето врз резултатите.
Во продолжение, ќе ве поканам на неколку мали поместувања во размислувањето. Не како теорија, туку како покана да проверите, дали ве „носат“ на друго место во размислувањето?
Мудро поставување на прашања
Наместо:
- „Дали можам?“
- „Дали е можно?“
да се запрашаме:
- „Кога ќе го направам?“
- „Што ми треба за да го направам?“
Оваа промена на прашања не е само јазична, таа го отвора патот кон акција, а во организациски контекст, разликата е јасна – тим што чека дозвола и тим што презема одговорност.
Промена на дефиницијата за „невозможно“
Невозможно не мора да значи „никогаш“, може да значи сѐ уште не знам КАКО.
Многу HR иницијативи „паѓаат“ не затоа што се невозможни, туку затоа што не е создаден простор за учење, тестирање и грешки. Кога „невозможно“ го заменуваме со „сѐ уште“, се отвора целосно нов простор за развој.
Имам 100% контрола врз моите резултати
Резултатите се последица на тоа што јас го правам, сѐ друго се околности (важни – но не и одлучувачки). Кога ова размислување го внесуваме во тимови, фокусот се поместува од оправдувања кон влијание.
Од: „Зошто не може?“
кон: „Што е во наша контрола?“
И тоа ја прави целата разлика во резултатите на крајот.
Пречка ≠ Проблем
Пречка = факт на патот кон целта.
Проблем = значење што јас му го лепам на тој факт.
Во работа со тимови, често гледам дека најголемата кочница не е ситуацијата, туку интерпретацијата што ја имаме за неа. Токму затоа вреди да се запрашаме: Што ако пречката е само знак на патот кој упатува за промена на насоката?
Мал HR експеримент (што можете да го пробате веднаш)
На следниот состанок, кога ќе се појави реченицата: „Ова е проблем“ пробајте да поставите само едно прашање: Што ни кажува/каде не насочува овој проблем? Не ветувам лесен разговор, но ветувам поинаква перспектива а тогаш се случува магијата.
Ако сакате да си подарите простор каде што размислувањето се предизвикува, а не се брани, картите #КакоМОЖЕ се создадени токму за тоа. Тие се авторска алатка што ја развив низ мојата работа со компании, тимови и професионалци. Не нудат одговори, туку прашања, не носат теорија, туку игра и најважно не создаваат притисок, туку движење од „не може“ кон #КакоМОЖЕ.
Можете:
- да си ги подарате себеси или на некој од тимот
- да ги внесете во компанијата како алатка за:
- поинаков начин на размислување
- отворање разговори што инаку тешко се отвораат
- премин од „ова е проблем“ кон „што можеме да направиме?“
Затоа што често не ни фали нова стратегија, туку дозвола да размислуваме поинаку.
www.AnaSaltirova.mk
