„Еколошкото право во фокусот на компаниите – дилеми, прашања и предизвици“
13-14 декември 2024 година
Хотел Монтана, Крушево
Македонската асоцијација на корпоративни правници (МАКП), со поддршка од партнерот АЦТ! ДОО Скопје, ја најавува Првата правна конференција на тема „Еколошкото право во фокусот на компаниите – дилеми, прашања и предизвици“. Настанот ќе се одржи на 13-14 декември 2024 година во хотел Монтана, Крушево.
Во време кога еколошките стандарди и принципите на ESG (Environment, Social, аnd Governance) стануваат дел од корпоративните стратегии, оваа конференција отвора платформа за дискусија и размена на искуства за предизвиците и придобивките од усогласувањето со еколошките регулативи.
Настанот е одлична можност за правниците, но и за другите заинтересирани лица, да добијат увид во најновите трендови и практики, вклучувајќи: панел-дискусии за еколошките дозволи, управување со отпад и ESG известувања; предавања за хармонизација на македонското со еколошкото право на ЕУ и можности за вмрежување и размена на искуства со водечки експерти
Конференцијата ќе обедини водечки експерти и практичари од областа на еколошкото право, ESG стандардите и корпоративната одговорност опфаќајќи теми, како:
Обврски за компаниите кои произлегуваат од интегрираните еколошки дозволи – проблеми и перспективи
- Наталија Ацеска, експерт за влијание врз животната средина
- Тамбро Патче, директор за стратешки прашања во ЕкоТип
- Цветанка Николоска, овластен инспектор за животна средина
- Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива во Цементарница УСЈЕ
ESG известувања во корпоративното право – законска рамка, придобивки и недоследности
- Таско Богдановски, извршен директор на Опфолио
- Проф. д-р Емилија Ѓорѓиоска, Економски факултет, УКЛО
- Д-р Орде Ѓорѓиоски, директор за правни и општи работи, Витаминка АД Прилеп
Хармонизација на македонското со еколошкото право на ЕУ – нови обврски за компаниите
- Бојана Станојевска Пецуровска, претседател на Центар за климатски промени
Целта на конференцијата е да се поттикне одговорното корпоративно управување и да се овозможи подлабоко разбирање на обврските кои произлегуваат од современите еколошки стандарди.
Рок за пријавување: 10 декември 2024 година
Aгенда и повеќе информации: https://lnkd.in/dn8cbXfm
Обезбедете го Вашето место и станете дел од настанот кој ќе го обликува идниот развој на корпоративната пракса!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.