петок, декември 26, 2025
Почетна КолумниПсихолошката безбедност – најголемиот луксуз на модерното работно место

Психолошката безбедност – најголемиот луксуз на модерното работно место

by 24HR

Колумна на Трајанка Ќимова – специјалист за човечки ресурси

Во тимовите каде што луѓето молчат, креативноста умира. Психолошката безбедност е најголемиот луксуз што ретко кој го признава, но без неа – секој резултат останува само илузија.

Замислете тим каде што никој не се осмелува да каже дека нешто не разбира.

Сите молчат, климаат со глава и продолжуваат по старо.

На прв поглед – хармонија.

Во суштина – култура на страв.

Во многу компании денес, психолошката безбедност е poredok ресурс од било кој бенефит. А токму таа е условот без кој нема вистинска доверба, креативност и учење.

Што значи психолошка безбедност?

Тоа е чувство дека можеш да зборуваш, да поставиш прашање или да предложиш нешто без страв дека ќе бидеш игнориран, понижен или казнет.

Како изгледа средина без неа?

– Никој не признава грешки

– Луѓето не поставуваат прашања

– Тишина на состаноци

– Енергијата и иницијативата исчезнуваат

Зошто е толку важна?

Истражувањата на Google покажаа дека тимовите со висока психолошка безбедност имаат:

  • Поголема иновација
  • Повеќе храброст да пробаат нови идеи
  • Помал тек на вработени
  • Побрз напредок

Кој ја создава?

Лидерот. Со сопствениот пример. Со прашања како:

„Што мислиш ти?“

„Како можеме да направиме подобро?“

„Која поддршка ти е потребна?“

Психолошката безбедност не е луксуз.

Таа е темелот без кој секој процес останува само добра замисла на хартија.

  • Трајанка Кимова

Human Resources | Employee Experience | Organizational Culture

Related Posts

Leave a Comment