Работно место каде можат да се пронајдат екстроверти!

од 24HR

Има многу работни места на пазарот кои бараат од вас да бидете зборливи, дружељубиви, ориентирани кон акција, ентузијастички, пријателски расположени и отворени.

Екстровертите обично напредуваат на позиции кои имаат поголема тимска поставеност, способност за превземање ризици,социјални интеракции,способност многу брзо да се вклопи во работни обврски и во средината со колегите и соработниците.

Еве некои од најдобрите работни места за екстроверти врз основа на одговорности и должности:

1. Менаџер за продажба

Менаџерите за продажба се одговорни да ангажираат тимови за продажба и се фокусираат кон исполнување на нивните таргети и целите односно да им помагаат да постигнат успех. Работењето во продажба може да биде една од најдобрите екстровертни работни места бидејќи тие постојано комуницираат со луѓе, имаат силни убедувачки вештини и комуникациски способности и имаат динамична средина и должности.Тие не само што се задолжени со управувањето со членовите на тимот, менаџерите ги анализираат трендовите на пазарот, генерираат потенцијални клиенти, подготвуваат извештаи и тие ги поставуваат целите.

2. Стјуардеса

Да се биде стјуардеса е возбудлива работа за екстровертите кои уживаат во патувањето, непредвидливите распореди и запознавањето нови луѓе. Стјуардесите се грижат патниците да се безбедни, удобни и среќни за време на нивното време во авионот.Тие се комуникативни и отворени за нови предизвици.

3. Регрутер

Регрутерите работат во речиси секоја индустрија.Нивните должности вклучуваат истражување, развивање и имплементирање ефективни стратегии за регрутирање и екипирање за да привлечат квалификувани и способни таленти во компанијата.Регрутер е совршено работно место за екстровертите бидејќи тие постојано се во комуникација со нови луѓе.Тие исто така мора да поседуваат одлични комуникациски вештини за да ги исполнат своите цели.

4. Адвокат

Адвокатите ги поминуваат деновите во истражување на нивните случаи, советување и застапување клиенти, толкување закони, презентирање аргументи пред судии и пороти,и други. Да се биде успешен адвокат бара време, пракса и целосна посветеност. Екстровертите можат да се пронајдат бидејки ова работно место бара комуникација со други, запознавање нови луѓе и јавно говорење.

5. Артист

Без разлика дали е музички, театарски или уметнички, работата на артистите е да ја забавува публиката.За да бидете артист, мора да го сакате центарот на вниманието, да ви биде удобно да зборувате јавно и често да комуницирате со нови луѓе ,да бидете самомоуверени во она што го работите. Ова е одлична кариера за екстровертите.

6. Специјалист за односи со јавноста

Примарната должност на специјалистот за односи со јавноста е да воспостави и одржува одличен јавен имиџ и мрежа за компанијата што ја претставуваат. Тие го прават тоа преку градење односи со заедницата, развивање на стратегии за односи со јавноста, исто така тие се задолжени за јавните соопшетнија за печатот или јавни говори. За оваа работно место од витално значење е формирањето врски .

9. Агент за недвижности

Агентите за недвижности им даваат на клиентите насоки при пребарување на имоти и домови или продажба на нивниот имот. Притоа, агентите мора да имаат широко познавање на пазарот и способност да градат односи со купувачите, продавачите, заемодавачите,  и многу повеќе. Силните социјални вештини и доброто око се исто така квалитети потребни за да се успее во оваа улога.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...