сабота, јануари 10, 2026
Почетна СтатииСЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: KАТАРИНА ТАСЕВСКИ, ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР ВО ДЕКРА

СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: KАТАРИНА ТАСЕВСКИ, ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР ВО ДЕКРА

by 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на HR професионалците:

„Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?“

Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од HR светот!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Kатарина Тасевски, оперативен директор во Декра.

„Кога би била Дедо Мраз за HR професијата во целост – би подарила еден едноставен, но многу важен „подарок“: повеќе искреност и храброст во секојдневната комуникација.

Многу често зборуваме за благосостојба, мотивација и ангажираност, но некако забораваме дека луѓето најмногу сакаат јасност, фер однос и чувство дека некој навистина ги слуша.

Ако можам нешто да сменам, тоа би било навиката проблемите да ги премолчуваме или да ги маскираме со убави зборови. Наместо тоа, би охрабрила повеќе директни, искрени разговори – за платите, за очекувањата, за ограничувањата, но и за можностите за раст.

Конкретно, мојот „подарок“ би бил многу практичен: да почнеме почесто да ги кажуваме работите такви како што се, и оттаму да ја градиме довербата. Затоа што без доверба, ниту еден HR процес, бенефит или стратегија нема вистински ефект.

Верувам дека подобра иднина за HR не се создава само со воведување на нови термини, туку со повеќе човечност, одговорност и искреност во секојдневните одлуки – нешто што сите можеме да го направиме уште од утре.“

Related Posts

Leave a Comment