Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?
На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.
Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на професионалците кои на директен или индиректен начин се дел од светот на човечките ресурси. Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.
Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.
Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од нашиот празничен серијал!
Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Анета Коробкина, автор на две книги, говорник, мастер-тренер по клиентски сервис и лидерство, основач и менаџер на KA World Leadership and Service Excellence.
Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?
Cвесност – во брзиот ритам на секојдневието, често забораваме да се запрашаме: „Дали навистина сме присутни во моментот?“ Свесноста е способноста да живееме тука и сега, да ја почувствуваме убавината на сегашниот миг. Но и свестност за тоа каде сме сега и каде сакаме да бидеме во иднина. Да не живееме на автопилот. Ако не се развиваме – стагнираме.
Добрина – во светот полн со предизвици и стрес, добрината е светлина која може да ги осветли нашите патишта и патиштата на оние околу нас. Тоа е едноставен, но моќен чин – од помош на нашиот сосед до насмевка на непознат. Добрината е способноста да се ставиме во туѓа позиција, да покажеме емпатија и разбирање, и да направиме мал, но значаен чекор за подобрување на нечиj ден. Нека оваа година биде година на малите добри дела, на неочекуваните насмевки и на искрената поддршка. Секој од нас има моќ да создаде позитивна промена, и тоа често започнува со едноставен чин на добрина.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.