СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА И ПРАВНИ РАБОТИ

од 24HR

Биди дел од тимот на NEPTUN!

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА И ПРАВНИ РАБОТИ

Нептун го зајакнува својот тим за Човечки ресурси и е во потрага по професионална,  комуникативна, добро организирана, само-мотивирана и доверлива личност, која ќе биде одговорна за следење и правна заштита по основ на Законот за работни односи. Ќе обезбедува ефикасна и продуктивна подршка во сите сегменти на функцијата.

Основни одговорности:

  • Подготовка на документација потребна за вработување, престанок и продолжување на работен однос, креирање на одлуки и останати документи по основ на работен однос, солемнизација на менаџерски договори
  • Ги чува и тековно ги ажурира персоналните досиеја на вработените, како и личните податоци на вработените
  • Издава разни потврди на барање на вработените
  • Евиденција за сите направени испитувања во однос на пропишаните законски регулативи наменети за деловните единици на Друштвото, како што се регулативите за безбедност и здравје при работа
  • Организира и води дисциплинска комисија, креира записници, извештаи и одлуки  кои произлегуваат од истата
  • Изработува, прибира и ја контролира на документација која произлегува како резултат на законските обврски на компанијата поврзани со вработените, како што се на пример: дисциплински постапки, годишни одмори, систематски прегледи, заштита на лични податоци, систем за евиденција на работно време, безбедност и здравје при работа и сл.
  • Соработува со државни органи и трудова инспекција во согласност со потребите на компанијата и работното место
  • Поднесува потребна документација до релевантните институции
  • Го следи и води процесот околу систематските прегледи  на вработените, годишните одмори и зема учество во администрација на платата и бенефициите

Потребни квалификации:

  • Правен факултет
  • 3-5 години работно искуство во Човечки ресурси, во областа на персонална администрација и правни работи
  • Добро познавање на англискиот јазик (говорен и писмен) и MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на законската регулатива во областа на работни односи, социјално и здравствено осигурување и останати закони кои се однесуваат на вработување и вработени
  • Искуство во работа поврзана со законската регулатива во областа на БЗПР, претставува предност
  • Искуство во работа со софтвер за Човечки ресурси
  • Високо развиено ниво на работна етика, одговорност и организираност
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Афинитет кон административни работни задачи, педантност и деталност
  • Тимска ориентација и желба за учење и развивање

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Атрактивна плата и пакет на бенефиции
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот (флексибилно)

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле. Рокот за аплицирање е 24.01.2024.

Пријави се на огласот

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...