Телеперформанс Скопје официјално стана Great Place To Work®

од 24HR

94% од вработените ја гледаат компанијата како одличен работодавач, а дури 98% би го препорачале Телеперформанс Скопје на своите пријатели и најблиски како одлично место за работа.

Телеперформанс Скопје, локално претставништво на најголемата глобална компанија за кориснички услуги, објави дека е добитник на престижниот сертификат Great Place To Work® кој го добиваат компании со исклучителна посветеност во создавањето на најдобри услови за своите вработени.

Овој интернационален сертификат, кој се заснова на нивото на доверба што вработените го имаат кон својот работодавач, му припадна на Телеперформанс Скопје благодарение на одличните резултати во поглед на разновидната работна сила, отворената комуникација и флексибилното работно опкружување во компаниска култура базирана на кредибилитет, почит, правичност, гордост и тимски дух, и сето тоа во година кога голем број компании отпуштаа вработени поради пандемијата на Ковид-19.

„Навистина сум горда на целиот наш тим во Телеперформанс Скопје бидејќи секој еден вработен во нашата компанија има свој придонес во тоа што Телеперформанс Скопје е сертифициран како одлично место за работа. Интегритетот, почитта, професионализмот, иновативноста и посветеноста, кои се ДНК-та на Телеперформанс, се нешта кои може да се видат дека се природно вградени во секој член на тимот.

Сега имаме признание дека нашата TP култура е целосно присутна за да ни помогне да произведеме и да понудиме извонредно корисничко искуство, во секоја укажана прилика, како резултат на нашата заложба, страст и посветеност кон совршенство. Со еден збор, овој сертификат е потврда. Потврда дека она што го работиме носи резултати, и јас секојдневно го чувствувам и го гледам тоа, од ден на ден се подобро и подобро!

Во овогодинешната анкета на GPTW, 94% од нашите вработени се согласуваат дека Телеперформанс Скопје е одлично место за работа и 98% од нашите вработени би нè препорачале на своите пријатели и најблиски како одлично место за работа. Сега, кога официјално го имаме овој сертификат, секако дека тоа ќе ни помогне во регрутирање на нови луѓе, растење како компанија, задржување на постојните вработени, отворени можности за партнерство, добивање нови проекти и многу повеќе“, вели Леонида Џумеркоска, Менаџер за човечки ресурси во Телеперформанс Скопје.

Телеперформанс Скопје моментално вработува повеќе од 300 агенти за корисничка поддршка, од кои повеќето се познавачи на германскиот јазик. Компанијата нуди услови за работа по германски стандарди, најатрактивна плата на пазарот и можност за работа од ултра модерните канцеларии во Скопје или од дома од каде било во Македонија.

Ако сте заинтересирани за кариера во Teleperformance, аплицирајте на www.TPSkopje.com

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...