THRIVITY: Твој партнер во процесот на вработување

од 24HR

За една година иновативната алатка THRIVITY го раздвижи пазарот на труд во Македонија, и со својот уникатен модел на работење, автоматизиран и според дефинирани алгоритми, тие станаа прва станица за сите кои бараат работа и за компаниите кои вработуваат. 

Денес, една година подоцна, нивната платформа активно ја користат компаниите кои сакаат на најбрз и најефикасен начин да пронајдат талентирани и обучени кадри кои вистински одговараат на описот на работното место. Во нашето денешно интервју со Марија Акимовска, која е дел од тимот кој ја лансираше оваа напредна платформа, ќе откриеме повеќе за THRIVITY, начинот на функционирање и неговата специфичност.

Што е THRIVITY?

THRIVITY е уникатен софтвер за вработување, кој спојува луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат.

Како функционира THRIVITY?

На THRIVITY од една страна луѓето креираат свој профил – свое професионално CV според сите светски стандарди, и од друга страна профил креираат и компаниите користејќи однапред дефинирани критериуми.

Кога компанијата има потреба од вработување таа објавува оглас, а THRIVITY започнува автоматизиран процес на селекција на кандидати користејќи вештачка интелигенција и однапред дефинирани алгоритми и веднаш предлага анонимна листа на кандидати согласно критериумите наведени во огласот.

За да стапи во контакт со нив, компанијата испраќа покана за контакт.

Кандидатот веднаш добива нотификација на СМС и може да го види огласот и компанискиот профил, а компанијата ќе може да го види CV на кандидатот само доколку тој/таа ја прифати поканата. Ако лицето го одбие барањето за контакт компанијата никогаш нема да може да го види CV-то на кандидатот.

По што се разликува THRIVITY од останатите портали за вработување?

THRIVITY го менува традиционалниот модел на барање работа и кандидати за работа каде компаниите објавуваат оглас на некои од веб порталите за вработување, а луѓето се пријавуваат. Во суштина станува збор за иновативна алатка која поставува нови стандарди во процесот на вработување.

Користејќи вештачка интелигенција и однапред дефинирани алгоритми THRIVITY предлага работа на луѓето согласно нивното работно искуство, квалификации, а на компаниите им предлага луѓе според нивните дефинирани критериуми наведени во огласот и се тоа во реално време.

На овој начин THRIVITY им бара работа на луѓето 24/7, сосема бесплатно и анонимно, велиме анонимно затоа што никој не може да го види вашето CV додека вие не го одобрите барањето за контакт.

Од друга страна, THRIVITY на компаниите им предлага кандидати (прави селекција) соодветно нивните барања. Тоа го прави во неограничен број и веднаш , со што на компаниите им штеди време и пари.

Овие карактеристики THRIVITY  станува партнер, кој е подобар, поефтин и посигурен од традиционалниот начин на барање на кандидати. И секако, зад THRIVITY стои тим кој е 100% посветен на развој на човечкиот капитал, што дава дополнителна релевантност на целиот процес.

Луѓето позади THRIVITY

Кој се може да направи профил на THRIVITY?

Сите полнолетни, вработени и невработени лица можат да направат свој профил на THRIVITY, без разлика дали станува збор за лица кои се во потрага по нова работа, размислуваат за промена на работното место или пак бараат прво вработување.

Креирањето профил на THRIVITY е всушност креирање на своја професионална биографија (CV) по сите светски стандарди. CV-то може (и треба) да се ажурира постојано согласно професионален развој на лицето, а со само еден клик CV-то може да се пренесе во PDF формат и неограничено да се користи и надвор од софтверот, а согласно потребите.

Како една компанија може да регрутира преку THRIVITY?

Процесот е многу лесен и едноставен. Компанијата треба да има отворено свој профил на THRIVITY. Во моментот кога ќе има потреба од вработување, многу брзо преку својот профил може да објави оглас за слободните работни места. Огласот е со веќе зададен формат и критериуми, кој го олеснува целиот процес, а е во согласност со стандардите за огласување кај нас.

Дополнително, преку нашата агенција за посредување при вработување нудиме и услуги за селекција, профилирање и регрутација кои се на располагање на нашите клиенти.

Што мислат компаниите за ваквиот начин на вработување?

Ова е новина на нашиот пазар и следејќи ги светските трендови свесни сме дека го менуваме традиционалниот начин на барање на кандидати за работа.

Ја менуваме перцепцијата кај компаниите и оние кои ја користеле нашата услуга разбираат што добиваат со ваквиот начин на селекција и потрага по кандидати за работа, го ценат заштеденото време и пари, како и знаењето кое го нудиме бесплатно во текот на целиот процес.

Ценејќи ја вредноста што ја добиваат за вложените пари, сѐ повеќе компании го препознаваат THRIVITY како алатка која им го олеснува патот до вистинските кандидати.

Што е со кандидатите кои сакаат да останат анонимни?

Во оваа насока, мора да напоменам дека исклучително ни е важна заштитата на личните податоци и при создавањето на THRIVITY особено обрнавме внимание на овој дел, користејќи ги сите мерки за заштита на личните податоци во самиот софтвер, како и со имплементација на интерни процедури и акти во компанијата, а согласно македонските и стандардите (законите) на Европската унија за заштита на лични податоци.

Во секој поединец ние гледаме партнер во унапредување на пазарот на трудот, затоа THRIVITY им бара работа на луѓето 24/7, бесплатно и анонимно. Анонимноста на лицата е загарантирана се до оној момент додека тие не прифатат покана за контакт. Само тогаш, со прифаќањето на поканата, стануваат видливи за компанијата која ги кани.

Од друга страна пак, кандидатите може да одберат да го користат THRIVITY само за да креираат своја професионална биографија (CV). При креирањето на профилот имаат можност да ја исклучат опцијата за активно барање на работа и со тоа да го контролираат процесот дали и кога би сакале да добиваат понуди за работа.

Кои се идните планови на THRIVITY?

Следејќи ги трендовите во ИТ светот и соодветно актуелностите во светот од областа на човечки капитал во блиска иднина предвидено е лансирање на нова подобрена верзија на софтверот, воведување на дополнителни алатки за поголема достапност до што поголем број лица, како и надополнување на услугите кои ги нудиме на нашите клиенти во соработката, а со цел препознатливост на нивните компании како добро место за работа и квалитетен избор на соодветни кандидати со што значително сакаме да влијаеме на процентот на одлив на кадри.

Исто така во завршна фаза сме со подготовките на кои интензивно работевме со Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје и очекуваме имплементација на првата фаза од соработката помеѓу THRIVITY Кариерниот центар и УКИМ Кариерниот центар со што ќе ги поддржиме младите во процесот на подготовка до прво вработување. Со сите активности кои ги преземаме ние влијаеме на пазарот на труд во Македонија и сметаме дека секој заслужува добра работа, соодветната селекција е патот до неа.

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...