Топ 5 меки вештини што му се потребни на секој вработен во 21-от век

од 24HR

Што е тоа што работодавците сакаат да го видат денес?

Светот во кој живееме посотјано се менува, а со тоа се менува и пазарот на трудот. Во овој поглед, меките вештини важни за компаниите исто така се менуваат. Така, присуството на одредени вештини е од витално значење не само за работодавците, туку и за самиот кандидат кој со нивна помош може да изгради добра кариера и ефективно да се развива како професионалец.

Па, какви меки вештини, според работодавците, треба да има кандидатот во 21-от век?

Флексибилност

Во надворешно опкружување кое брзо се менува, сега е особено важно да сте флексибилни, а тоа значи брзо да се прилагодувате на новите реалности и успешно да функционирате во нив. На пример, пандемијата „Ковид-19“ покажа дека нашата реалност може да се промени (и тоа доста драматично) многу брзо, па затоа е важно вработените денес да покажат флексибилност и успешно да преживеат во променливите светски случувања. Важно е да не се плашите од промени и наместо тоа позитивно да ги третирате различните трансформации.

Покрај тоа, флексибилноста традиционално се однесува не само на способноста за брзо прилагодување на промените и динамичното надворешно опкружување, туку и на вештините за професионална комуникација и деловна интеракција. Ова е особено важно ако зборуваме за менаџери кои раководат со голем тим или врвни менаџери кои преговараат со деловни партнери или клиенти. Често е неопходно да се понуди компромис во вистинско време за на крајот да се постигнат заемно корисни договори. Сепак, немојте да мислите дека оваа мека вештина е безначајна за вработените на пониски позиции; вештините за флексибилност ви овозможуваат ефикасно да ги решавате секојдневните прашања и да изградите продуктивна комуникација со колегите.

Одлучност и одговорност

Овие две вештини с еставени под една точка бидејќи постои многу тесна поврзаност помеѓу нив. Зошто оваа вештина е важна за сите кандидати – и за оние кои се пријавуваат за високи позиции и за обичниот персонал? Повторно, денес честопати треба многу брзо да донесуваме важни одлуки во услови на неизвесност; ова особено важи за оние кои се на врвни позиции и го одредуваат правецот на развој во компанијата.

Сепак, не е доволно само да се има вештина за донесување одлуки – неопходно е да може да се преземе одговорност за нив. Ова се однесува на кандидатите за која било позиција бидејќи работниот тек предвидува различни ситуации во кои вработениот ќе треба да покаже независност.

Тимска работа

Секоја работа бара комуникација, не само со клиентите или партнерите туку и со колегите. За да ги постигнете потребните резултати и перформанси, важно е да бидете способни да работите како тим. Тоа, пак, подразбира развиени вештини за тимска работа: координација и делегирање на задачите, комуникација со колегите, способност за преговарање и колективна и индивидуална одговорност. Повторно, во ИТ индустријата, во која работам долги години, тимската работа е многу важна бидејќи на неа се градат многу работни текови. На пример, програмерите обично не работат сами. Се формираат тимови кои се управувани од водечки развивач бидејќи тимската работа е важна за да се постигнат добри резултати.

Емпатија

Важно е да се биде сочувствителен. Како што напишавме погоре, тимската работа е многу честа денес, што подразбира блиска интеракција со колегите. Покрај тоа, некои вработени исто така работат со клиенти на редовна основа. Вештините за емпатија овозможуваат да се влезе во положбата на другите луѓе, да се прочита нивната емоционална состојба и да се изградат нивните интеракции земајќи ги предвид овие карактеристики, што може да доведе до позитивни резултати.

Критично размислување

Оваа мека вештина е од голема важност денес, и тоа апсолутно за секој вработен – огромни количини на информации течат низ нас секој ден и од витално значење е да можеме објективно да гледаме одредени работи и да формираме зрели и соодветни проценки. Покрај тоа, критичкото размислување им овозможува на вработените објективно да се гледаат себеси како професионалци, да си дадат конструктивен фидбек и да ги видат областите и силните страни за потенцијален раст.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...