Тренинг програма за управување со човечки капитал-Повеќе од 30 менаџери ќе се обучуваат како подобро да управуваат со човечки капитал во своите организации

од 24HR

Од следниот месец, за првпат кај нас, 30 менаџери од водечки компании во земјава ќе поминат низ напредна обука за управување со човечки капитал, во организација на Тривити. Тренингот е наменет за топ менаџери, менаџери на сектори, ХР менаџери, како и сопственици на компании кои во своето работење се соочуваат со предизвикот на привлекување, развој и задржување на вработени.

Управување со човечки капитал (Human Capital Management) се однесува на стратешкиот пристап кој го преземаат организациите за да управуваат и да ја максимизираат вредноста на нивната работна сила како највреден и најценет ресурс. Опфаќа збир на практики, процеси и стратегии насочени кон привлекување, развивање, ангажирање и задржување на талентирани вработени градејќи ги нивните вештини, знаења и способности за остварување на целите и задачите на организацијата.

Програмата ќе ја водат икусни професионалци од тимот на Тривити, а ќе биде збогатена со присуство и поддршка на гости говорници, кои во текот на шест сесии ќе го пренесуваат своето релевантно знаење и искуство на учесниците.

„Со реализација на програмата, менаџерите ќе се обучат според современите светски методи, кои ќе им овозможат вештини и знаења кои се неопходни за позитивна трансформација во рамки на својата организација и ќе поттикнат сериозен развој на краток, но и на долг рок.“ вели Дејан Ваневски – партнер на Тривити и еден од предавачите на обуката.

„Реализирањето на оваа тренинг програма уште еднаш ја нагласува нашата посветеност да ги препознаеме вработените како највреден ресурс на секоја организација и да ги поттикнеме компаниите да се посветат на подобрување на развојот и растот на своите вработени. Ова, несомнено ќе резултира со зголемена продуктивност, иновативност и подобри резултати за компаниите, но истовремено и благосостојба, задоволство и сатисфакција кај вработените.“ – дополнува Поликарп Арсеноски, предавач и ко-сопственик на Тривити.

Истата ќе се реализира во рамки на 6 интерактивни модули, со почеток на 5ти Октомври 2023. Деталниот распоред и програма се достапни на следниот линк:

Оваа активност е ко-финансирана од Владата на Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Тривити.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...