Здравјето е од непроценлива важност за сите нас и е еден од најважните предуслови за квалитетен живот. Но, современиот начин на живот, како и брзото темпо, имаат директно влијание врз нашето здравје и значително ја наметнуваат потребата за воведување на здрави животни навики.
Како компанија која се грижи за своите клиенти, и во насока на подигнување на свеста за зголемена грижа на здравјето и рана превенција, Триглав Осигурување Живот воведе програма за лојалност за своите осигуреници.
„Триглав Осигурување Живот е компанија во која осигурениците и нивното здравје се секогаш на првото место, и затоа, исклучително важно, ни беше да понудиме опција со која клиентите ќе имаат можност да користат голем број бенефиции и повластени цени, а воедно и поголема пристапност до соодветни здравствени установи и рекреативни центри. Со склучување на договор и станувајќи корисник на полиса за животно осигурување, нашите осигуреници стекнуваат право на Триглав Смарт картичка која обезбедува користење на услуги за здравствена заштита и превенција во голем број компании и институции во земјата, по повластена цена.“- велат од Триглав Осигурување Живот.
Со Триглав Смарт картичката, корисниците добиваат попуст во голем број ординации по општа медицина, стоматологија и офталмологија, како и во аптеки, фитнес и спа центри, продавници за здрава храна и хотели. Целосната листа на локации кои нудат попуст за корисниците на Триглав Осигурување Живот може да се погледне тука.
Освен тоа, корисниците стекнуваат право и на попуст на програмата Спортмастер, која овозможува пристап до преку 100 активности за спорт и рекреација во Скопје и другите градови низ земјата.
Побарајте ја Вашата нова картичка за лојалност на Триглав Осигурување Живот на нашиот број за грижа на корисници: 0800 04444.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.