Вештачка интелигенција во регрутација:Дали навистина играме фер?

од 24HR

Колумна на Коста Глигориевски-правен и HR консултант во Глигориевски ДОО

ВИ го менува начинот на кој вработуваме — и тоа се случува премногу брзо. АТС, ВИ-алатки за скрининг на биографии, ВИ за закажување интервјуа… Секако, сите овие алатки ги намалуваат трошоците, го забрзуваат процесот и (веројатно) помагаат полесно да најдеме таленти. Но со сета оваа „брзина“ мора да си го поставиме клучното прашање: Дали навистина играме фер?

⚖️Како функционира ВИ

ВИ работи на принцип на претходно внесени податоци. Колку подобри податоци, толку подобар резултат. Но ако податоците содржат претходни фаворизирања, системот ќе продолжи со нив — па дури и ќе ги засили. На пример:

  • Ако во минатото најмногу се вработувале кандидати од одреден факултет, ВИ ќе продолжи да ги фаворизира токму тие.

Ова веќе ми се има случено: една алатка како „топ кандидати“ ги издвои сите од еден универзитет, само затоа што традиционално од тој универзитет најчесто се вработувало. Без некој да провери — системот само ќе го зајакне тој образец.

Од друга страна, ако се користи мудро, ВИ може да ни помогне да ги надминеме (не)свесните предрасуди — ставајќи поголем фокус на вештини и потенцијал, наместо на лични детали. Клучот е во тоа како ќе ги дизајнираме, користиме и следиме овие системи.

На што треба да внимаваме

  • Пристрасност во системот – Пристрасни податоци значат пристрасни резултати и неправедни практики.
  • Транспарентност – Кандидатите заслужуваат да знаат зошто не биле избрани. Ако алгоритмот е таен, довербата исчезнува.
  • Приватност – ВИ алатките често обработуваат чувствителни лични податоци. Лошо ракување — или собирање премногу податоци — носи етички и правни ризици.
  • Човечки однос – Брзината е одлична, но регрутацијата е за луѓе. ВИ не може да ја замени емпатијата и човечката проценка.

Што можат да направат HR професионалците

Ние не сме немоќни — напротив. Што треба HR да работи при користењето на ВИ:

✅ Редовно проверувајте ги алатките за пристрасност.

✅ Бидете транспарентни како се користи ВИ во процесот на селекција.

✅ Користете ја ВИ како поддршка, а не замена — финалната одлука мора да ја носи човек. Точка.

✅ Заштитете ја приватноста на кандидатите и придржувајте се до строги етички стандарди.

✅ Обучете ги HR тимовите да ги преиспитуваат и оспоруваат резултатите на ВИ.

Личен пристап:

Не сум против ВИ. Напротив, верувам дека може да нѐ направи подобри во она што го работиме. Но тоа не е магично решение — и дефинитивно не е замена за човечки регрутери. На крајот на денот, луѓето сакаат да бидат видени, разбрани и ценети. А тоа е нешто што ниту еден алгоритам не може да го направи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...