Во духот на заедништвото, под мотото „ Тимот победува кога бариерите се рушат“, оваа есен Мaкедонски Телеком започна незаборавна тим билдинг авантура низ цела Македонија за сите свои вработени – серија настани што ја слават поврзаноста, довербата и тимскиот дух.
Нашата мисија е едноставна, но моќна: да ги поврземе луѓето преку заеднички искуства, насмевки и поддршка. Од првиот настан, па сè до денес, енергијата расте – а со неа и чувството дека навистина сме еден голем и единствен Телеком тим.
Тимот победува кога бариерите се рушат!
Во Телеком веруваме дека вистинската сила доаѓа кога се слушаме, разбираме и поддржуваме. Затоа постојано вложуваме во градење култура на отворена комуникација и меѓусебно почитување, каде секој глас е важен.
Преку живеење на нашите Guiding Principles, ги рушиме бариерите меѓу тимовите и ја поттикнуваме довербата – а токму овие тим билдинг настани се доказ дека кога сме заедно, можеме сè.



Половина пат, илјада насмевки
Досега зад нас се четири исклучителни настани, исполнети со забава, тимски предизвици и моментите што не се забораваат.
Еден колега ни кажа:
„Ова беше најдобриот тим билдинг досега – вистинско полнење со позитивна енергија!“
Друг додаде:
„Сфатив колку е важно да се поврзеш со луѓето со кои секојдневно работиш – ова е нешто што не може да се измери со бројки.“
И токму така е – зад секоја задача, зад секој успех, стои тим кој верува еден во друг.
Во моментов, нашиот Телеком тим е во Струга, на петтиот по ред настан – и можеме да кажеме дека сме на половина пат низ оваа прекрасна приказна. По Струга, со уште поголем ентузијазам ги очекуваме следните дестинации, со различни колеги и новите моменти кои ќе ја заокружат нашата магента авантурата.


Тим билдинг со срце
Нашите колеги едногласно велат дека ова искуство не е само забава – туку потсетник на вистинската сила на тимот.
Агендата внимателно ги спојува забавата, игрите, тимските активности и моментите за опуштање – затоа што кога луѓето се чувствуваат добро, резултатите сами доаѓаат.

Телеком – место каде луѓето растат
Мaкедонски Телеком останува препознатлив работодавач кој вистински инвестира во своите луѓе – преку проекти за благосостојба, развој и позитивна организациска култура. Тим билдинг иницијативата е само еден од начините да покажеме дека успехот не се мери само со бројки, туку со насмевки, доверба и заедништво.
Во продолжение фотографии од нашите досегашни авантури – моменти кои совршено ја пренесуваат енергијата, тимскиот дух и причината зошто велиме:
Во Телеком ние работиме на тоа да останеме доверлив партнер во дигиталната трансформација – дома, на работа, секаде и во секое време. Со силата на технологијата ги поврзуваме луѓето, ги рушиме дигиталните бариери и градиме општество во кое секој има место и глас, но истовремено ние тука растеме, се поврзуваме и се чувствуваме како дома.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.

