Во динамичниот свет на правото, управувањето со стресот не е само потреба; тоа е вештина којашто може да го дефинира квалитетот на професионалниот и личниот живот на правните професионалци. Leader Impact Law со гордост го најавува претстојниот вебинар насловен: Lawyer well-being webinar: “From Case Files to Calm Minds: Tackling Stress, Anxiety, and Depression in the Legal Field”, специјално дизајниран за зајакнување на правните професионалци со алатки и техники за ефикасно управување со стресот при извршување на правната професија. Вебинарот ќе се одржи на 15ти Април во 14 часот и ќе биде достапен за сите правници во Македонија.
Важноста на управувањето со стресот за правните професионалци:
Правните професионалци во својата правничка професија често се соочуваат со ситуации со висок стрес што може да доведат до значајни проблеми во физичкото и менталното здравје доколку не се управуваат соодветно. Препознавајќи ја потребата за правилно управување со стресот, Leader Impact Law го организира овој вебинар за директно да се справи со овие предизвици со кои се соочуваат правниците. Со интегрирање на техниките на Cognitive Behavioral Therapy (CBT), вежбањето и нутриционистичките увиди, овој настан ветува холистички пристап кон благосостојбата на правниците.
Што да очекуваме на вебинарот:
На вебинарот ќе има презентации од значајни експерти, вклучувајќи го Todd Martin, магистер по клиничко советување и лиценциран клинички советник. Воедно и Lina Hughes, искусен правник и адвокат со над 25 години искуство во сферата на правото, нудејќи ги нејзините увиди во практичната примена на управувањето со стресот во правничката професија.
Зошто би учествувале:
– Ќе добиете вредни сознанија за управување со стресот и одржување на рамнотежа во вашата правна кариера
– Ќе научете како да ги идентификувате и преформулирате негативните мисли кои придонесуваат за стрес, депресија и анкциозност
– Ќе научете како да се справите со анкциозни клиенти
– Ќе научете практични стратегии за подобрување на вашата целокупна благосостојба и отпорност
– Практични совети за како да ја извршувате својата правничка професија со приоритизирање на вашата благосостојба
– Ќе се поврзете со истомисленици – правни професионалци
– НАЈВАЖНО: Ќе инвестирајте во вашето највредно богатство – себе!
Придружи ни се:
Lawyer well-being webinar: “From Case Files to Calm Minds: Tackling Stress, Anxiety, and Depression in the Legal Field”, е повеќе од обичен вебинар; тоа е отскочна штица кон придонесување на поефикасно извршување на правната професија. Без разлика дали сакате да ги подобрите вештините за управување со стресот, депресијата и анкциозноста, или да научете како да ја приоритизирате сопствената благосостојба во правната професија, овој вебинар е прилагоден да ви помогне да ги постигнете овие цели.
За да го обезбедите вашето место, потребно е да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/yJSeY56TFk9AF6H2A
Прифатете ја оваа можност да го трансформирате начинот на кој управувате со стресот, и напредувајте во вашата правна кариера како правни професионалци.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.