МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?

од 24HR

Во услови кога голем број компании се соочуваат со недостиг од квалификувани и мотивирани вработени, евидентна е потребата од нови начини за мотивација и задржување на постоечките и новите членови во тимот.

Перцепцијата на компаниите е дека новите  вработени доаѓаат со работни навики и барања од менаџментот кои се “нелогични” и неоправдани, дека ги мотивира само платата и условите на работното место, дека лесно заминуваат за подобри услови. Од друга страна пак, лицата кои бараат вработување, особено младите, имаат перцепција дека во компаниите сеуште се применуваат застарени принципи на организација и раководење, дека недостига грижа за вработените, особено при воведот на работното место и вклопувањето во работната средина. 

Новите генерации вработени, особено најновата тн. Gen.Z, (родени во периодот 1997-2012), имаат поинакви очекувања и потреби од работното место од оние на претходните генерации. Оваа нова Gen Z e порасната во ерата на интернетот и социјалните медиуми, со брз пристап до информации и очекувања за исто така брза примена на новите технологии на работното место. За многу компании со воспоставени системи на управување се очекува авторитетот да дојде од позицијата, а не од компетенциите на личноста на таа позиција, што креира средина во која новите, млади лица не се пронаоѓаат или не остануваат долго.

За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 17 април 2024 година организира семинар на тема: „МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?”. На интерактивниот семинар ќе бидат споделени увидите од неколку интернационални студии и истражувања на оваа тема, како и искуствата на консултантите од работата со компаниите во Македонија и регионот. Низ интерактивните сесии ќе истражиме како овие концепти може да се применат во вашата компанија.

За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сопственици, претставници на бизнис-заедницата од врвен и среден менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.

Придобивки од обуката:
•    Подобро разбирање на очекувањата и потребите на новите генерации вработени
•    Согледување на важноста на соодветно вклучување на новите вработени во процесите и во тимската динамика
•    Запознавање со принципите на мотивација и ангажираност на вработени, со фокус на Gen Z
•    Добивање основни насоки за коучинг пристап во раководењето, за развој и мотивација на вработените.

ПРОГРАМА:

I сесија
–    Предизвици во работењето со новите генерации – вежба
–    Потреби и очекувања на Gen Z – истражувања и увиди од пракса

II Сесија
–    Значењето на процесот на “onboarding” – Вовед на новите вработени во компанијата; практики и препораки
–    Анализа на студија на случај – работа во групи 

III Сесија 
–    Менторство и поставување менторски програми
–    Улогата на менторот во мотивацијата и задржувањето на вработените; Лидерот како ментор
–    Вежба 

IV Сесија 
–    Работа со прашања – основи на коучинг пристап за водење и мотивација на новите генерации
–    OSCAR Модел

Предавачи:

–    Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг Колеџот од Канада и сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Има над дваесет годишно искуство во развој на бизнис и управување со човечки ресурси. Од 2011 е основач на Инсајт Груп, компанија за коналтинг за човечки ресурси. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање и развој на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.    

–    Иван Христов е дипломиран психолог, гешталт психотерапевт и сертифициран Genos International Emotional Intelligence Practitioner. Иван е професионалец со долгогодишно искуство работејќи на домашни и странски проекти во областа на образованието и човечките ресурси. Во моментов е активен на неколку проекти поврзани со човечките ресурси за регрутација и селекција, проценка на вработени, изработка на описи на работни места, обуки и фасилитирани работилници. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
–    работни материјали во електронска верзија;
–    ручeк и освежување; 
–    сертификат за учество на семинарот.

Бројот на учесници е ограничен и пријавувањето е на принцип прв пријавен-прв услужен. 

Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 12.04.2024 година.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...