Запознајте го Здравко Митев, Brokerage Manager во Superior Dispatch Service

од 24HR

За личното искуство и успехот на брокерскиот сектор во Superior Dispatch Service разговараме со Здравко Митев, Brokerage Manager во штипската транспортна компанија која го освојува американскиот пазар.

Брокерскиот сектор е срцето на секоја компанија која се занимава со диспечерски услуги. Во штипската компанија Superior Dispatch Service тој постои од 2018 година, а иако е релативно нов веќе бележи интензивен раст во последните година дена и ако на почетокот од 2021 тој имаше само 5 вработени, денес има повеќе од 30 вработени.

Денес, овој сектор има сериозни клиенти – големи корпорации од калибарот на Walmart, Aldi, Dollar Tree, Family Dollar и сл. за коишто овој сектор ја работи целата логистичка операција 24/7. На дневно ниво, оваа канцеларија организира и се грижи за околу 140 тури, а на месечно ниво таа бројка достигнува и до 4.000 реализирани тури.

Повеќе за личното искуство, работата на брокерскиот сектор и работните места кои се нудат таму прочитајте во интервјуто со Здравко Митев, Brokerage Manager во Superior Dispatch Service.

Кои се задачите и одговорностите на еден Brokerage Manager во Superior Dispatch Service?

Морам да кажам ги има доста. Работниот ден во брокерскиот сектор во Superior Dispatch Service е екстремно динамичен. Почнувајќи од тоа дека мораме да ја изменаџираме секоја тура на дневно ниво (а ги има над 130) па сѐ до нејзина детална организација и почеток на реализација. Сето тоа е извршувано од страна на еден фантастичен тим којшто го имаме во овој сектор, а наша работа како менаџери е да го мониторираме тој процес во детали. Тоа вклучува интензивна комуникација со клиентот којшто нѐ задолжува за одреден обем за одреден ден, комуникација со странки (шофери, диспeчери и други надворешни соработници) доколу се јави посериозен проблем и, најважно од сѐ, директна комуникација со своите колеги, интерна организација, обука, мотивирање, поддршка, а често и пријателски разговор со нив којшто е клучен за хармонијата која владее овде.

Сето ова не би било изводливо доколку не сме двајца задолжени за тоа, а тоа сме јас и Никола Џамбазов кој е на позицијата Operations Manager. Нашите обврски се поделени рамномерно и соработката ни е одлична.

Здравко Митев и Никола Џамбазов

Ајде да се навратиме малку наназад. Раскажете ни како започна вашата приказна во Superior Dispatch Service?

Пред да се роди брокерскиот сектор во Superior Dispatch Service јас живеев во Англија. Откако слушнав за овој нов проект решив да се вратам и да аплицирам. Сè се случи брзо, бев на интервју со двајца од основачите коишто во тој период беа во Македонија, но интересно е тоа што имав две интервјуа во ист ден, од првиот разговор не беа сигурни дали сум вистинскиот човек за позицијата па затоа ме побараа подоцна тој ден да се вратам на дополнителен разговор. За неколку дена, добив повик од истите дека ме очекуваат веќе следниот ден да се појавам на работа. Останатото е историја 🙂

За само една година бројот на вработени во вашиот сектор се зголеми за 6 пати. На што се должи тоа?

Тоа, пред сè, се должи на упорноста, истрајноста, конзистентноста и големите апетити, односно амбициозноста. Заедно со Никола сведочиме дека овој сектор имаше доста тешки периоди коишто ги искористивме да не направат посилни и поупорни во нашите цели. Добрата интерна организација е исто така клучна за таквиот раст кој се случува за толку краток период.

Брокерскиот сектор на Superior Dispatch Service во 2019 година
Брокерскиот сектор на Superior Dispatch Service во 2020 година
Брокерскиот сектор на Superior Dispatch Service во 2021 година

Како изгледа еден вообичаен работен ден како Brokerage Manager?

Доаѓам некоја минута порано, користам релаксиран момент да го испијам своето прво кафе заедно со колегите, а потоа следи подговотка за денот што е веќе скоро готова од предходната вечер. Последните два дена од неделата ги започнуваме со состаноци за дискусија на позитивни и негативни теми, најчесто решавање на проблеми од изминатата недела и изготвување на стратегија за следната. Заедно со Никола задаваме дневни, неделни, месечни и годишни насоки иако нашата индустрија е крајно непредвидлива. Текот на денот е различен, доста често се состои од состаноци, долги телефонски разговори, работење на проблематики и секогаш денот завршува со подготовка за следниот ден.

Работите со клиенти од калибарот на Walmart, Aldi, Dollar Tree, Family Dollar и сл. Дали има можност за учење од самата соработка со овие корпорации?

Апсолутно! Да не заборавиме дека овие имиња се едни од најголемите во оваа индустрија и шансите да осигураме соработка со нив беа толку мали, како македонски фудбалски клуб од прва лига да освои финале во Лига на шампиони. Меѓутоа, со цврста волја и напорна работа успеавме и во тоа. Соработката со овие гиганти имаше огромно влијание, пред сѐ, врз нас како луѓе што имаме можност да учиме директно од нив, а потоа и врз компанијата и нејзиниот имиџ. Сега мислам дека сме несопирливи.

Аплицирајте на
hr@superiordispatchservice.com

Кои услови треба да ги исполнат кандидатите за да се вработат во вашиот сектор?

Бараме упорни, позитивни, посветени и амбициозни кандидати. Superior Dispatch Service е компанија која нуди бескрајни можности – нашето мото е: One Company Endless Opportunities –  за професионален и персонален развој. Бараме кандидати што ќе го искористат тоа.

Кои се бенефитите што ги нуди вашата компанија?

Пред сè, простор за креативност. Некогаш „лудите“ идеи овде се лесно остварливи. Во Superior Dispatch Service работиме напорно, но и растеме и одиме многу високо. Покрај професионалните активности, компанијата организира и спортски и други социјални дружења така што поминувате квалитетно време и надвор од нашите простории. Се грижиме за вас и вашите најблиски, додека вие работите во најмодерни услови.

Која е вашата порака до сите кои сакаат да ви се приклучат во Superior Dispatch Service?

Зошто сè уште немаат испратено CV? Нека го направат тоа без размислување на hr@superiordispatchservice.com и нема да зажалат!

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...