Како да станете дел од ⋮IWCONNECT

од 24HR

⋮IWConnect е глобална, мултидисциплинарна ИТ компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура и создавање на дигитални оптимизирани технолошки решенија. Компанијата како InterWorks постои 17 години, а на почетокот на годината се ребрендираше во ⋮IWConnect. Денес, тимот за човечки ресурси на компанијата ќе ви открие како и вие да станете дел од ⋮IWCONNECT.

Еден од најтешките делови кога барате работа е делот кога треба да се претставите во компанијата, почнувајќи од моментот кога ќе го испратите вашето CV, па се до моментот кога ќе ја добиете работата.

За таа цел го замоливме нашиот тим за човечки ресурси, да сподели неколку предлози и совети во врска со нашиот процес на вработување и како можете да се истакнете кога ќе се претставувате пред нас.

АПЛИЦИРАЊЕ

Како можам да аплицирам?

Сите наши работни места се прикажани на нашата веб-страница.  Овде можете да аплицирате преку нашиот „Формулар за аплицирање за работа„ или можете да го испратите вашето CV и Мотивациско писмо на следната е-пошта: hr@iwconnect.com. Забелешка: Пред да аплицирате, проверете ги основните вредности по кои ние се водиме во секојдневното работење, а со цел да откриете дали и вие се водите од истите, дали сте соодветни за работата и за компанијата во целост.

Што треба да знам во врска со моето CV?

Првиот впечаток што го добиваме за вас е преку вашето CV, па затоа потрудете се да го задржите нашиот интерес.  Не ставајте премногу ирелевантни информации за позицијата за која аплицирате.  Вашето CV треба да опфати 2 до 3 страници. Правило е, да биде кратко и јасно.

Целта на овој документ е да ве донесе до интервју преку покажување на вашето искуство, достигнувања и клучни вештини.  Вашето CV нека ни ја раскаже приказната за тоа што сте направиле и што можете да направите.

Дали мотивациско писмо е задолжително?

Мотивациско писмо не е задолжително кога аплицирате за работа во нашата компанија. Но, секогаш е ценето ако споделите со нас која е главната причина поради која што вие сакате да станете дел од нашиот тим.

Дали техничките вештини се поважни од меките вештини?

Секој што сака да работи во нашата компанија треба да знае како да работи со луѓе, да биде комуникативен и да сака да соработува. Никој не сака да работи со некој што не зборува, не споделува или не може да работи во тим. Според ова, би рекле дека ниту меките, ниту техничките вештини не ни се поважни едни од други. Совршена рамнотежа е секогаш најдоброто решение. Се разбира, секој кандидат мора да ги има потребните технички вештини поврзани со работата, но тој / таа мора да поседува и добри “меки вештини„ кои ќе и/му помогнат да стане дел од тимот.

ИНТЕРВЈУ

Како да се подготвам?

1. Секогаш прво прочитајте го описот на работното место, бидејќи тука можете да ги најдете сите информации во врска со вештините, знаењето, искуството и одговорностите за работната позиција. Размислете како можете да се поврзете со барањата за позицијата.

2. Запознајте се со нашата компанија. На пример, можете да направите истражување во врска со технологиите со кои работиме, нашата култура, нашата мисија и визија и основните вредности што нè водат во нашето секојдневно работење. Пронајдете нешто што ни е заедничко или е поврзано со вашите интереси. Ова ќе ни покаже дека сте мотивирана, посветена и лојална личност, а тоа се и квалитетите кои што ги цениме кај еден кандидат. Можете да започнете со вашето истражување тука.

3. Подгответе неколку прашања за нас. Сигурно дека не знаете сè, па не двоумете се да нè прашате доколку имате какви било прашања. Ова покажува дека сте заинтересирани и сакате  да откриете дали сте соодветни за компанијата и работната позиција.

Како тече процесот на избор?

Тестирањето е првиот чекор од нашиот процес на избор. Ќе мора да одговорите на некои технички прашања, за да можеме да добиеме слика за вашите основни познавања.

Вториот чекор е интервју со претставник од одделот за човечки ресурси и техничко интервју.

Интервјуто со човечки ресурси го спроведува Менаџер за човечки ресурси или друг претставник од тимот за човечки ресурси. На ова интервју, ќе имате шанса да ги покажете своите комуникациски вештини и да се претставите како личност. Споделете со нас кои се вашите интереси надвор од работата, што е ваше хоби, што правите во вашето слободно време, дајте ни некои информации што ќе ни помогнат да ве запознаеме уште подобро.  Тука ќе се обидеме да видиме и како размислувате, колку добро се справувате со стресот, дали сте самоуверена личност и дали стоите на своите верувања. Затоа, немојте да се изненадите ако ви поставиме некои трик прашања, а сè со цел да извршиме  мал притисок, за да го инспирираме вашето размислување. Нашиот совет тука е да бидете сигурни во себе, да не се преиспитувате премногу, дајте ни најискрен одговор и споделете со нас како би реагирале во различни ситуации.  Колку сте поискрени, толку подобри одговори ќе добиеме. 😉

Техничкото интервју го спроведува експерт од областа каде припаѓа работната позиција.  Техничкото интервју е важно за да се покаже вашата експертиза и знаење во областа. Тука ќе ви бидат поставени различни прашања во врска со работната позиција, одговорностите, како и технички прашања со цел да го потврдиме вашето знаење во областа. Ве молиме запомнете: ако има прашање за кое не го знаете одговорот, кажете ни искрено. Не обидувајте се да дадете било каков одговор што ќе ве доведе во потешка и покомплицирана позиција.  Ја цениме искреноста и за нас е сосема во ред ако нешто не знаете, сè додека сте подготвени да научите.

Што се случува по интервјуто?

По завршувањето на процесот на избор и интервјуата, ќе бидете контактирани од нашиот тим за човечки ресурси, телефонски или по електронска пошта, за да ве известиме дали сте избраниот кандидат или не.  Понекогаш ако сметаме дека имате потенцијал да станете дел од нашиот тим, но не сте соодветни за конкретната работна позиција, може да ви испратиме програма за обука со цел да можеме да останеме во контакт, да следиме како се развивате и да најдеме нешто посоодветно за вас.

Може ли повторно да аплицирам ако не ме изберете?

Да, секогаш сте добредојдени повторно да аплицирате ако мислите дека постои друга соодветна работна позиција за вас. Исто така, доколку нема отворено работно место за кое сте заинтересирани, секогаш можете да испратите отворена апликација.

Кои се другите работи што ги барате кај кандидатот?

Она што најмногу го цениме покрај техничките вештини, е кога кандидатот ги дели истите основни вредности како и ние. На пример, тој може да биде дел од голема компанија каде се гледаме не само како колеги, туку и како пријатели. Тој сака да излезе од својата комфорна зона, да се обиде и да научи нови работи. Има интегритет, посветен е, храбар, искрен, дисциплиниран, упорен и конечно, секогаш е тука да помогне и да сподели знаење дури и кога тоа не е побарано од него.

Немам искуство во ИТ, но сакам да научам и да станам дел од вашиот тим. Што да правам?

Секако, имаме решение и за тоа. 😊 Ако сте личност која е подготвена да учи, има силна волја да успее, тогаш ние сме тука да ви помогнеме. Можете да го посетите нашиот ⋮IWEducationCenter и да дознаете каков вид на курсеви нудиме. Изберете го оној што ви е најинтересен и започнете да учите. Може да прочитате многу успешни приказни за луѓе кои немале никакво знаење во ИТ, кои  откако завршиле некои курсеви во нашиот ⋮IWEducationCenter, се вработиле во ИТ индустријата.

Се надеваме дека ова ќе ви помогне следниот пат кога ќе аплицирате за работа. Ако имате било какви други прашања во врска со ова, не двоумете се да контактирате со нас на Фејсбук, Инстаграм или LinkedIn.

Благодарност до нашиот тим за човечки ресурси за одличните препораки и совети.

Ви посакуваме многу среќа на вашето следно интервју!

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...