Следете го Глобалниот самит HR во ИТ 2021

од 24HR

Одлична можност за сите ИТ регрутери и HR специјалисти од Македонија да слушнат презентации и искуства од врвни професионалци за човечки ресурси кои доаѓаат од компании од калибарот на Samsung, Adobe и многу други.

HR-от се развива динамично, и секоја година опфаќа сè поширок спектар на задачи. Особено за време на пандемија, кога специјалистите за човечки ресурси се од клучно значење за ефикасно водење на бизнисот од далечина: поддршка на менаџери, одржување и развој на позитивна корпоративна култура, зголемување на ангажманот и продуктивноста на вработените и многу повеќе.

Додека физичките настани се ставени на чекање, американската компанија Geekle не запира! Тие работат на Глобалниот самит за човечки ресурси и регрутирање во ИТ кој е ќе се случува онлајн на 10 и 11 август 2021 година.

Нивните говорници се водечки експерти од врвни компании од целиот свет, вклучувајќи ги Adobe и Samsung, кои се подготвени да споделат какви се предизвиците со кои се соочуваат експертите за човечки ресурси и регрутирање во нивната работа.

Главните теми на настанот ќе бидат: привлекување и задржување на таленти, онбордирање и офбордирање на вработени, дигитална трансформација на човечките ресурси и регрутацијата, предизвици поврзани со работата од дома, Employer Branding, професионален развој и HR во стартапи.

Учеството на настанот чини 59 долари за регрутацискиот ден, 79 долари за HR денот, а цената на картата за двата дена е 119 долари.

Geekle има уникатно искуство во организација на технолошки настани со преку 10.000 гости во различни технолошки домени. Со овој настан, Geekle сака да создаде нешто што глобалната заедница за човечки ресурси досега го нема видено.

Geekle ги повикува сите професионалци за човечки ресурси и регрутирање во Македонија кои се подготвени да слушнат за најновите искуства и сознанија, да дискутираат за најновите технологии и трендови, како и стратегии кои веќе ја кројат новата иднина на човечки ресурс, да го резервираат своето место на Глобалниот самит HR во ИТ 2021.

Повеќе за Глобалниот самит HR во ИТ 2021 и начинот на регистрација може да прочитајте овде.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...