Дводневна онлајн обука: Имплементација на SA8000 – Меѓународен стандард за општествена одговорност

од 24HR

SA8000 е највисок стандард за етички компании имплементиран во 3900 компании низ 68 земји и 55 индустриски сектори ширум светот.

Стандардите за општествено одговорно работење претставуваат алатки со кои субјектите кои активно работат докажуваат дека со своето работење создаваат соодветни работни услови за своите вработени, како и дека се грижат за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина.

Правните субјекти кои ги применуваат стандардите за општествено одговорно работење на транспарентен начин ги докажуваат своите посветености за примена на сите законски одредби и меѓународни етички конвенции поврзани со нивното работење, што е од особена важност за субјектите кои имаат меѓународни активности, меѓународни донатори, се пробиваат на меѓународни пазари или веќе активно работат на надворешни пазари.

Меѓународниот стандард SA8000 е препознатлив стандард кој на сеопфатен начин, благодарение на своите елементи, им овозможува на правните субјекти да го усогласат своето работење со праксите на одговорно и етичко општествено работење преку сеопфатен систем за управување, систем за надзор на добавувачите и подизведувачите, имплементација на систем за извествување и ефикасна комуникација со внатрешни и надворешни чинители.

АЦТ! ДОО од Македонија и Alfa Solutions – Consulting Services, Global Quality од Србија на 4. и 5. март организираат дводневна онлајн обука за одговорно и етичко работење на компаниите, невладините организации, државните институции и останатите правни субјекти преку имплементација нa меѓународниот стандард за општествена одговорност SA8000.

Учесниците на обуката ќе имаат можност да научат:

  • што претставува и зошто е потребно да се имплементира меѓународниот стандард SA8000;
  • кои се предностите за правните субјекти од воведување на SA8000;
  • кои се елементите на SA8000;
  • како да се подготват за воведување и имлементација на SA8000 и
  • како да ја проценат моменталната усогласеност со SA8000 и како да се подготват за идно усогласување на своето работење со SA8000.

Предавачи на обуката се:

Душан Допуѓа – дипл. правник со повеќе од 10-годишно искуство во имплементација на стандардите за општествено одговорно работење, консултант, проверувач/lead auditor за сертификатот SA8000:2014 со богато портфолио на проверки за потреби на големи правни субјекти и големи корпорации.

Милица Бошковиќ – дипл. инж. за организациски науки со повеќе од 20-годишно искуство во имплементација и сертификација на менаџмент системи (ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001, ISO 13485, ISO 27001 и др.), реинженеринг на работните процеси и анализа на податоци, обучувач за менаџмент системи.

Милан Допуѓа – дипл. прехранбен технолог со над 15-годишно искуство во имплементација на менаџмент системи наменети за прехранбената индустрија (IFS, BRC, FSSC 22000, ISO 22000, HACCP, Global GAP и др.), проверки за потребите на големи корпорации (McDonalds, Delhaize, Lidl и др.), обучувач за food & feed стандарди и стандарди за општествено одговорно работење.

Подетални информации за дводневната обука која ќе се одржи на 4. и 5. март 2021 на платформата Zoom може да добиете на телефон 070/340-951 или на е-пошта: obuki@act.com.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...