Ефектот на тим билдингот во професионалното работење

од 24HR

„Без разлика дали има комплексен проект на повидок или членовите на вашиот тим само сакаат да бидат подобри во справувањето со секојдневните проблеми, вашите вработени можат да постигнат многу повеќе кога заедно ќе ги решаваат проблемите и заедно ќе донесуваат одлуки“… пишува Филимена Христовска, Раководител на човечки ресурси и Специјалист за плата во Перпетуумобиле Секјурити.

Со развивање на нивните вештини за решавање проблеми, можете да ја подобрите нивната способност да пронајдат најдобро решение на сложените ситуации. И со рафинирање на нивните вештини за донесување одлуки, можете да им помогнете да работат зрело заедно, да користат различни стилови на размислување и да се посветат колективно на одлуките.

Во последната деценија, компаниите започнаа со ставање акцент на тим билдингот и се повеќе ги препознаваат придобивките од истиот. Тим билдинг – активностите, без разлика дали станува збор за петминутни игри или неколку дневни проекти, ги учат вработените на основни вештини за соработка додека истовремено им помагаат да развиваат доверба едни во други и во своите способности.

Каков вид на тим билдинг – активности би можеле да организирате?

Тим билдинг – активностите може да влеат страв кај некои од вработените. Помислата на организирана забава, каде што треба да се исполнат одредени задачи или цели, може брзо да ја доведе забавата во нешто што вработените сакаат да го избегнат. Ова е причината зошто треба внимателно да се размисли за активноста што ја планирате – што е важно за вашиот тим и во што ќе уживаат?

Можеби би сакале да побарате нивен придонес или да понудите неколку предлози: колку е покреативно, толку подобро. Вработените не сакаат да се чувствуваат како да градат тим – тие сакаат да имаат забавен ден исполнет со интересни активности, што едноставно им дава можност да бидат дел од градење на тимот. Потребно е да се размислува outside of the box („надвор од кутијата”). Што би било возбудливо за сите и ќе осигура дека не би сакале да ја одбијат поканата?

Кои се придобивките од тим билдингот?

Постојат многу придобивки од тим билдингот. Покрај тоа што го зајакнува моралот и го одржува вашиот тим среќен, исто така претставува и можност за вашите вработени да ги усовршат релевантните вештини во опуштено опкружување и да воспостават поблиски пријателства.

Многу често, главната цел на тим билдингот е подобрување на продуктивноста. Бидејќи вработените учат да работат заедно поефективно, тие се во состојба да ја завршат својата работа поефикасно. Со тоа, помалку време ќе биде потрошено за исправување на грешките и работните обврски можат да се поделат според способностите на членовите на тимот, намалувајќи ја можноста за преклопување и повторување на работата. Тим билдинг активностите често им даваат на вработените можност да идентификуваат начини за подобрување на процесите, политиките или процедурите што ја спречуваат продуктивноста.

Тим билдинг активностите можат да ја зголемат мотивацијата на вработените на неколку начини. Прво, кога вработените се успешни во тим билдинг проектите, тие стануваат посамоуверени, што ја зголемува нивната мотивација. Второ, посветеноста кон тим билдингот покажува дека Компанијата е подготвена да инвестира во нивниот успех. Трето, вработените честопати се помотивирани кога ќе добијат доверба во своите колеги и се чувствуваат сигурни дека нивната работа како тим ќе биде препознаена и ценета.

Тим билдинг активностите обично вклучуваат воведување проблем што членовите на тимот треба заедно да го решат. Вештините за решавање на проблеми што ги практикуваат во симулација, вработените можат да ги пренесат на работното место. Преку активностите, членовите на тимот се здобиваат со вештини кои им овозможуваат да ги идентификуваат бариерите за остварување на целите и да изнајдат начини за надминување на тие бариери. Истите тие активности можат да им дадат на вработените структурирани начини за решавање на проблемите заедно, и притоа вработените се свесни заспособноститесо кои секој член на тимот придонесува на работното место.

Тим билдингот ги оттрга вработените од нивната вообичаена околина и им дава необична задача за извршување. Ова опкружување често им дава шанса на вработените да ја поттикнат својата креативност и да ја користат својата имагинација за да ги остварат поставените задачи пред нив. Исто така, им испраќа порака на вработените дека нивната креативност е добредојдена на работното место. Овие креативни вештини за решавање проблеми се пренесуваат на работното место откако ќе завршат тим билдинг активностите.

Силните и стабилни тимови се важни во компаниите од сите големини. Сепак, многу компании се фокусираат на одржување на задоволни клиенти и често ги занемаруваат потребите на нивните вработени. Забораваат дека вработените се нивното најголемо богатство и предност, што може да биде скапа грешка. Наместо тоа, компаниите треба да вклучат тим билдинг како постојан дел од нивната култура. Тим билдингот не само што го зголемува моралот, продуктивноста и отворената комуникација на вработените, туку може и драматично да ги зголемат успехот и профитабилноста на бизнисот.

За авторот:

Филимена Христовска е Раководител на сектор за човечки ресурси и Специјалист за плата во Перпетуумобиле Секјурити. По вокација е дипломиран економист на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а за HR се одлучила поради можноста да им помогне на луѓето, можноста за напредок во самата професија, деновите исполнети со различни работни задачи и, секако, работата во која ужива.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...