Земји со најдобри кариерни можности

од 24HR

Пазарот на работна сила е тешко да се навигира дури и во нормални услови, а сега, поради глобалната пандемија, многумина се соочуваат со големи потешкотии. Сето тоа води до прашањето колку е конкурентен пазарот на трудот во различните земји и каде поединците можат да очекуваат најдобри шанси за вработување и кариера?

Сајтот Small Business Prices дава одговор на овие прашања во својата најнова студија која го анализира бројот на бизниси во секоја земја за да открие колку компании има на еден квадратен километар, како и колкав е бројот на луѓе во однос на една компанија.

Со само 6 лица по компанија, Република Чешка и Португалија се покажаа како најдобри земји за вработување. Ова не значи само повеќе можности за работа, туку и поголеми шанси за успех. Сепак, од гледна точка на работодавците, помалку лица по компанија може да значи намален ризик кај потенцијалните кандидатите кога станува збор за вработување. За споредба, Велика Британија има 18 лица по компанија, а САД 44. Но, важно е да се земе предвид и густината на населението бидејќи земји како Исланд, на пример, може да бидат рангирани подобро на листата, но тоа да се должи на ниската популација, односно малиот број на бизниси.

Во понатамошното истражување на конкурентноста на пазарот на трудот, студијата анализира колку бизниси има по квадратен километар во секоја земја. Со 61 компанија, Холандија го зазема првото место, а потоа следат Израел и Белгија со 37,6, односно 36,5 компании. Големиот број на компании ги прави овие земји добри дестинации за луѓето кои бараат работа бидејќи има повеќе можности за вработување.

ПРОЧИТАЈТЕ: Зошто е важно да градиме кариера што го рефлектира нашиот карактер

Од друга страна, оние кои бараат работа во земји со помалку компании на километар квадратен имаат поголеми шанси да се соочат со потешкотии при потрагата по работа. Во тие земји влегуваат Романија (3,7), Литванија (5,5) и Бугарија (5,7).

Сепак, ова не значи дека овие бројки не можат да се променат бидејќи нови компании продолжуваат да се отвораат секој ден. Така, на пример, студијата откри дека Велика Британија е водечка земја по бројот на новоотворени компании, при што во 2018 година се регистрирани импресивни 650.000 нови бизниси (речиси тројно повеќе од Австралија која се наоѓа на второто место). Во останатите земји кои се претставени како центри за претприемачи се вбројуваат Австралија (235.654), Франција (201.087) и Чиле (132.740). На другиот крај од скалата, се наоѓаат земји како Швајцарија со 25.637, Јапонија со 29.243 и Норвешка со 29.959 нови бизниси – значително помалку во споредба со водечките земји.

Имајќи ја предвид денешната состојба и глобалната криза сосема е нормално да очекуваме промени на пазарот на трудот. Со оглед на тоа што илјадници луѓе останаа без работа, се поставува прашањето дали овие луѓе ќе се одлучат за еден нов пат и ќе го прифатат предизвикот да станат свој шеф со тоа што ќе основаат своја компанија. Студијата покажува дека ова е популарен пат кој луѓето го избираат.

Како и да е, важно е да се запомни дека бизнисите постојано и брзо се развиваат. Оваа студија дава увид во просперитетот на одделни земји и можностите што може да ги очекуваат лицата кои бараат работа во нив.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...