Ако сте извршен директор или професионалец од областа на човечките ресурси, резервирајте место на првата македонска Академија за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ и трансформирајте ја вашата компанија во магнет за врвни таленти!
Employer Branding-от полека прераснува во клучен дел од пошироката слика на управувањето со човечки ресурси во една современа и технолошки напредна организација.
Привлекувањето на талентирани кадри ќе стане главен предизвик со кој ќе се соочат голем број компании во периодот што следи, а само најатрактивните работодавци кои позади себе имаат тим посветен на градење на добра перцепција за компанијата во јавноста ќе можат да се покажат како успешни во тоа.
Но, како да станете успешен специјалист за Employer Branding?
Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ составена од тренинг програма од 6 модули и индивидуални менторски и коучинг сесии со искусни професионалци кои активно работат во ова поле ќе ви помогне да ги стекнете главните компетенции и вештини со кои ќе ја трансформирате вашата компанија во магнет за врвни таленти.
Креирајте ја вашата уникатна стратегија за Employer Branding
Брендот за компанијата како работодавач не настанува спонтатно – тој е резултат на повеќе испланирани активности кои се мерат, менуваат и прилагодуваат со текот на времето. Вашата стратегија за Employer Branding мора да биде уникатна и да покаже зошто токму вашата компанија е вистинското место за младите и искусни професионалци кои денес бараат многу повеќе од работно место. Сето тоа – и повеќе – ќе имате можност да го научите на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ.
Потпрете се на моќта на дигиталниот маркетинг
Дигиталниот маркетинг е една нова област на која дефинитивно треба да се потпрете во градењето на позитивна перцепција за вашата компанија како работодавач. Луѓето сакаат да читаат успешни приказни за вашите вработени и сакаат да работат за општествено одговорни компании. Постојат голем број компании кои имаат приказни за споделување, но не знаат како да го направат тоа и нивните активности не стигаат до нивните потенцијални кандидати за вработување. На Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ ќе имате уникатна можност да научите како дигиталниот маркетинг е моќно оружје во рацете на HR професионалците кои се занимаваат со Employer Branding.
Изградете посакувана работна средина
Добрата Employer Branding приказна мора да дојде од внатре. Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ ќе ви помогне да го одредите вистинскиот сет на модерни политики и практики за менаџмент со човечки ресурси кои ќе ја направат вашата компанија посакувана работна средина.
Поддржете го создавањето на автентично лидерство
Лидерството е ударниот тон кој ја дефинира културата, вредностите и препознатливоста на една организација во јавноста. Тоа е и последниот модул на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ кој се бави со спецификите на креирање, одржување и комуницирање на препознатливи вредности на лидерството кои организацијата ја прават автентична и преферирана кај талентираниот кадар. Преку мноштво корпоративни примери овој модул ги анализира и различните модели на организациско лидерство, и на интерактивен начин им нуди на учесниците можност да креираат автентичен модел на лидерство најсоодветен за нивната организација.
Станете сертифициран Експерт за Employer Branding
Employer Branding-от ќе добива се поголемо значење во периодот што следува, а со тоа и побарувачката за Employer Branding експерти ќе се интензивира. По завршувањето на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ, ќе добиете сертификат и дигитален без за успешно комплетирање на Академијата со кои ќе бидете подготвени за иднината и ќе станете покомпетитивни професионалци во вашата индустрија која несомнено се развива во овој правец.
Резервирајте го вашето место на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ! Погледнете ја брошурата и пријавете се до 20.02.2021 на следниот линк или на +389 76 202 250.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.