Исланд ја тестираше четиридневната работна недела и резултатите се интересни

од 24HR

Исланд го спроведе најголемото истражување на светот за придобивките од четиридневната работна недела, а резултатите покажаа дека ваквиот систем е корисен на многу начини.

Повеќе од еден процент од работното население на Исланд учествуваше во пилот програма во која неделното работно време беше намалено на 35-36 часа без никакво намалување на платите на вработените. Во проектот беа вклучени различни групи на вработени, вклучувајќи канцелариски, здравствени и социјални работници.

Заедничката анализа објавена од Здружението за одржливост и демократија (Алда) во Исланд и Центарот за истражување „Автономија“ во Велика Британија, која траеше од 2015 до 2019 година со учество на повеќе од 2.500 луѓе, покажа дека продуктивноста на работниците е поголема кога вработените работат само четири денови во неделата.

Во студијата беше наведено дека придобивките за работниците кои учествувале во истражувањето се повеќекратни. Покрај пониските нивоа стрес и исцрпеност, четиридневната работна недела имаа позитивно влијание врз вкупниот биланс на здравјето, работата и животот на работниците, и тоа кај сите групи на вработени.

Исто така, истражувањето потврди дека продуктивноста и испораката на услуги останува иста или се подобрува кај повеќето работни места вклучени во истражувањето.

Следејќи ги овие сознанија, исландските синдикати веќе започнаа преговори за воведување на систем од четири работни дена во неделата.

„Истражувањата во Исланд ни покажуваат дека не само што е можно помалку да се работи во модерното време, туку се можни и прогресивни промени “, изјави Гудмундур Д. Харалдсо, еден од авторите на истражувачкиот проект.

Вил Стронг, директор на Центарот за истражување „Автономија“, кажа дека студијата покажува дека јавниот сектор е подготвен да биде пионер во воведување на скратена работна недела и дека ова може да биде лекција и за другите земји.

„Исланд направи голем чекор за афирмација на четиридневната работна недела давајќи одличен реален пример на локалните власти и сите оние што ја разгледуваат нејзината примена во јавниот сектор во Велика Британија“, рече Стронг.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...