Културата е клуч за надминување на кризата

од 24HR

Одредувањето на културните атрибути на работната сила, неопходни за да се надмине оваа криза, е тоа што ќе го отвори патот за евентуално закрепнување.

Непотребно е да се каже, но голем број поединци, компании и држави во изминатиот период беа погодени од коронавирусот.

Иако повеќето од нас не можат да развијат вакцина или третман против смртоносниот вирус, сепак, сите ние можеме да бидеме дел од решението коешто зависи од начинот на кој размислуваме.

Во контекст на работното место, многу компании се соочуваат со тешки одлуки, вклучително и отпуштање на вработени.

Кого треба да продолжите да вработувате, кои вештини ќе ви бидат потребни за да продолжите напред и колку ќе ве чини да ги задржите постојаните вработени, сите овие се прашања што треба да ги одговорат директорите. Бројките и приходите се само дел од стратешките фактори што треба да ги земете предвид.

Одредувањето на културните атрибути на работната сила, неопходни за да се надмине оваа криза, е тоа што ќе го отвори патот за евентуално закрепнување. Според зборовите на Питер Дракер, „Културата ја јаде стратегијата за доручек“.

Адаптација на промени

Честопати размислувам за доблестите на самоограничувањето и здравиот разум. Ова се однесува на поединци, како и на корпорации.

Работното место на иднината нема место за скапоцени, опседнати со титули и егоцентрични индивидуи. Секој кој смета дека има право на посебни привилегии, треба да остане дома.

Работното место на иднината ќе бара луѓе кои покрај интелект и вештини, имаат и вистински став и квалитетен начин на размислување и однесување за да излеземе од овие мрачни води. Ќе ни бидат потребни луѓе кои се многу прилагодливи и флексибилни, што значи дека доколку високото раководство не ги познава своите луѓе како индивидуи, овие карактеристики ќе биде тешко да се идентификуваат.

Време за нови практики

Работата од дома е исто така нов начин на функционирање. Способноста на менаџерите да водат тим од далечина не може да се претпостави. Одржувањето на мотивирани, усогласени и фокусирани вработени е предизвик, особено кога ќе се земе предвид неизвесноста и техничките проблеми кои се неизбежни.

Сегашноста ни покажа дека голем дел од најдобрите практики станаа премногу старомодни. Време е за некои нови практики. Пандемијата фрли светло на кршливоста на нашите системи, нашата очигледна зависност од странските ланци на снабдување и ерозијата на локалното производство.

Добрата вест е дека некои слабости, во даден контекст, можат да бидат надминати и да станат јаки страни. За време на овие денови на осаменост, со сигурност може да пронајдеме време да размислиме и интроспективно да согледаме како можеме да се подобриме.

Заклучок

Според Дарвиновата теорија на еволуцијата, не станува збор за опстанок на најголемите или најинтелигентните, туку на оние кои се прилагодливи на промени.

Без разлика дали водиме бизнис, држава или едноставно сме извршни директори на нашите сопствени животи, кулминацијата на еластичноста, издржливоста и прилагодливоста е таа што ќе ни помогне да ја надминеме тековната ситуација.

Како и повеќето катастрофални феномени во историјата, и ова ќе помине. Ова не само што беше време на огромна фрустрација, болка и трагедија, туку и нешто што ни ги отвори очите да ги видиме многуте аспекти на вистината за тоа кои навистина сме како индивидуи, како бизнисмени и како општество. Ова откритие е навистина вредно.

Автор: Марија Фок
Извор: Insideretail

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...