Матрицата на Ајзенхауер ќе ви помогне да бидете 10х попродуктивни

од 24HR

Дали сте подготвени да научите како поефикасно да управувате со вашето време за да остварите максимални резултати? Направете повеќе работи без дистракции со помош на матрицата на Ајзенхауер.

Двајт Д. Ајзенхауер беше 34-от претседател на Соединетите Американски Држави кој во периодот од 1953 до 1961 година отслужи два мандати во Белата куќа. За време на неговото претседателство, тој започна некои од најкрупните проекти за јавни работи во историјата на САД: основањето на ДАРПА, НАСА и мирното користење на алтернативните извори на енергија.

Пред да стане претседател, Ајзенхауер служеше како генерал во армијата на САД и како врховен командант на сојузничките сили во Европа за време на Втората светска војна.

За голем број истакнати академици и практичари, Двајт Ајзенхауер е признат како еден од најголемите лидери на сите времиња. Тој осмисли систем за управување со своето време и избор на приоритети кој подоцна стана познат како методот на Ајзенхауер. Неговата јасна дистинкција помеѓу тоа да се биде ефективен и ефикасен стана популарен метод за управување со времето.

Матрицата на Ајзенхауер

Еден познат цитат на Ајзенхауер гласи: „Тоа што е важно многу ретко е итно и тоа што е итно многу ретко е важно“. Матрицата на Ајзенхауер е составена од четири квадранти со оска која претставува ниво на итност и важност на задачите.

Хоризонталната x-оска ја претставува итноста на задачите, каде најмалку итните задачи се наоѓаат на десната страна. Вертикалната y-оска е ниво на важност, каде најважните задачи се наоѓаат во горниот квадрант, а најмалку важните во долниот дел.

Прочитајте > Постојат 7 стилови на лидерство: Каков лидер сте вие?

Крајниот резултат на матрицата на Ајзенхауер се четири квадранти:

ВАЖНО И ИТНО

Вашата крајна цел е да поминете поголем дел од вашето време занимавајќи се со важни задачи. Можеби, би можеле да се повикате на Паретовиот принцип 80-20 за да одредите кои задачи ви гарантираат максимален принос. Сите задачи во овој квадрант треба да се решат веднаш и лично, вклучително и важните работи кои не можевте да ги предвидите.

ВАЖНО И НЕИТНО

Ова може да биде најпродуктивната област каде што може да бидете најефикасни. Крајната цел е да научиме да управуваме со важни задачи пред тие да станат итни. Сите задачи во овој квадрант треба да се извршат во одреден рок и, секако, лично.

НЕВАЖНО И ИТНО

Задачите во овој квадрант се важни или итни за некој друг. Можете да ја понудите вашата помош или да закажете состанок со вашите подредени за да ги пренесете сите активности кои треба се извршат. Сите задачи во овој квадрант се делегирани.

НЕВАЖНО И НЕИТНО

Важно е да научите да кажувате не или да избегнувате задачи кои спаѓаат во овој квадрант. Во случај задачата да биде неизбежна, мора да ја завршите брзо и ефикасно. Во спротивно, треба да се ослободите од сите други задачи во овој квадрант.

Прочитајте > 1 тајна за мотивација што функционира кај секого

Зошто да ја користите матрицата на Ајзенхауер?

Клучната придобивка од матрицата на Ајзенхауер е нејзината лесна достапност и функција. Овој метод за управување со времето е многу лесен за разбирање и формулирање и може да се применува за планирање на секојдневните работни обврски.

Запомнете дека единствениот начин да научите ефикасно да управувате со времето е ако целосно се посветите да направите приоретизација и категоризација на вашите секојдневни задачи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...