Ниту една друга професија не нуди толку многу начини за подобрување на животот на луѓето

од 24HR

Интервју со д-р Андреја Кодрин – основач и извршен директор на компаниите Third Millennium Knowledge, Quintaum и глобалната колаборативна платформа за младински иновации Challenge:Future. Како еден од говорниците на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси таа ќе даде краток осврт на меѓузависноста помеѓу фокусот на врвниот менаџмент и човечките ресурси, целејќи кон градењето на отпорност на организацијата.

На нешто повеќе од една недела до почетокот на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, 24HR како главен медиумски покровител на настанот поразговара со уште еден исклучителен говорник кој на 3ти и 4ти декември 2020 година ќе има чест да го сподели своето знаење и искуство со македонската HR заедница.

Прочитајте го нашето интервју со д-р Андреја Кодрин и резервирајте го вашето место на најголемиот HR настан во Македонија кој вклучува презентации од 20 говорници, панел дискусија, едукативни работилници и HR EXPO.

Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?

Се согласувам без никакво сомневање, иако не треба да ги потцениме и сите други ресурси. Сепак, луѓето се тие кои на крајот ја прават таа суптилна диференцијација во конкурентноста и долгороочната отпорност на кој било бизнис. Затоа, очекувам пораст на постратешка HR функција која ќе биде во силна колаборација со CEO и CFO.

На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Иднината е надвор од опсегот на тековниот фокус на менаџирање. Менаџментот не се однесува само на купување, продажба и инвестирање во компании; тој исто така служи и за привлекување, растење и задржување на најважното средство на секоја организација – луѓето. Затоа, мојата цел е да дадам краток осврт на меѓузависноста помеѓу фокусот на врвниот менаџмент и човечките ресурси, целејќи кон градењето на отпорност на организацијата. Лично, исто така, би сакала да истакнам дека ниту една друга професија не нуди толку многу начини за подобрување на животот на другите луѓе и да им се помогне да учат и да растат, да преземат одговорност, да бидат признати за своите достигнувања и да придонесат за успехот на тимот.

Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Верувам дека програмата на конференцијата ги одразува најгорливите предизвици на моменталното деловно опкружување. Со нетрпение очекувам да слушнам повеќе на овие теми, додека од друга страна жалам што не можеме да комуницираме во живо со учесниците, кои секогаш се толку инспиративни со својата експертиза и искуства.

Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...