Магазинот „Форбс“ во соработка со компанијата за истражување на пазарот „Статиста“ ја состави листата на најдобри компании за работа за 2020 година.
Тие анкетираа 160.000 вработени од 58 земји кои работат за компании кои се присутни во повеќе држави или региони. Истражувањето беше спроведено од јуни до јули, а од учесниците беше побарано да ја проценат нивната подготвеност да го препорачаат сопствениот работодавач на своите пријатели или членови на семејството.
Учесниците во истражувањето, исто така, мораа да го откријат своето задоволство од одговорот на нивните работодавци на пандемијата на Ковид-19 и да ги оценат своите компании во низа аспекти, како што се имиџот, економското влијание, развојот на таленти, родовата еднаквост и општествената одговорност.
Конечниот список се состои од 750 мултинационални и големи корпорации со седиште во 45 земји.
Според „Форбс“, ова се 10-те најдобри работодавци за 2020 година:
- Samsung Electronics
- Amazon
- IBM
- Microsoft
- LG
- Apple
- Adobe
- Alphabet
- Siemens
- Bosch
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.