Во светот на бизнисот постојат 7 генерални стилови на лидерство и секој од нив има свои предности и недостатоци. Дознајте каков тип на лидер сте вие!
Портретирањето на лидерството е всушност екстензија на карактерот на една личност и зборува многу за нејзиниот кредибилитет како професионалец.
Концептот на лидерство се менуваше со текот на годините и да се биде лидер повеќе не значи воспоставување на тиранија и давање наредби на другите. Напротив, современите лидери ќе ги препознаеме по нивната способност за добро менаџирање со тим, визионерство и стремежот самите тие да бидат еден вид на role model за своите вработени.
Постојат различни стилови на лидерство кои се распростратени низ организациите ширум светот. Секој човек е лидер и има индивидуален стил на лидерство кој доаѓа до израз кога тоа е неопходно. Но во светот на бизнисот постојат неколку генерални стилови на лидерство и секој од нив има свои предности и недостатоци. Еве кои се тие:
Автократско лидерство
Автократско лидерство е кога една личност одлучува за сè и ретко прифаќа совети од своите подредени. Вообичаено, автократските лидери се шефови по природа и немаат многу верба во своите вработени. Тие се оние кои поседуваат ексклузивно право на носење одлуки и од своите вработени очекуваат да се придржуваат кон истите. Тие ги утврдуваат стратегиите, техниките и политиките што ги диктираат целокупните функции во организацијата. Ова честопати завршува како еднострана „афера“ во која резултатите се ефикасни, но помалку креативни.
ПРОЧИТАЈТЕ: Лидерство: 10 интервју прашања за вашите идни лидери
Автократскиот стил на лидерство е познат и како авторитарно лидерство. Од вработените се очекува да се придржуваат кон одлуките со строго почитување на времето и темпото утврдено од лидерот. Ова сериозно влијае на целокупната мотивација и степенот на ангажираност на работната сила. Исто така, ваквото лидерство ја ограничува комуникацијата на работното место, што во некој случај може да биде поволно за севкупните организациски перформанси. Но како и да е, ваквиот стил на лидерство може да биде ефективно само на краток рок.
Демократско лидерство
Во овој стил на лидерство, лидерот е повеќе партиципативен и ги вклучува и останатите членови на својот тим во донесувањето на круцијални одлуки. Овој стил на лидерство е скроен за организации каде членовите на тимот се искусни професионалци. Демократското лидерство се нарекува уште и партиципативно лидерство и се фокусира на комуникацијата како клучна алатка. Партиципативниот лидер е интелигентна и креативна личност која внимава на својот однос кон другите.
ПРОЧИТАЈТЕ: 7 компании за кои никогаш не треба да работите
Коучинг лидерство
Коучинг лидерството е еден од поефикасните стилови на лидерство што преовладува во современите организации каде лидерот на води директно, туку индиректно. Во овој случај, лидерите се како тренери или учители кои внимаваат на членовите на тимот.
Овој тип на лидерство доаѓа со многу дополнителни придобивки, како што се раст на мотивацијата на вработените, подобри перформанси и поголема ангажираност на целокупниот тим.
Стратешко лидерство
Овој стил на лидерство се однесува на способноста на лидерот да ја искаже својата стратешка визија за една организација и истата да ја спроведе преку правилни стратегии и алатки. Самиот стратешки стил му овозможува на лидерот да создаде тим од добро обучени професионалци кои се добро подготвени да се справат со какви било ризици што можат да се појават на патот.
Трансформативно лидерство
Трансформативниот лидер е исто така популарен во денешните современи организации. Неговата цел е да создаде енергична работна култура со ефективна комуникација помеѓу членовите на тимот. Како и да е, овој стил на лидерство исто така бара добра визија и интелектуална стимулација за да се донесе промена во организацијата. Во фокусот на овој стил е постигнување на врвните цели со меѓусебна колаборација во рамките на целата организација.
ПРОЧИТАЈТЕ: Еве како Google за помалку од 5 минути знае дали некој е одличен лидер
Либерално лидерство
Либерално лидерство или laissez-faire, што во превод значи „да се остават работите да течат по свое“ реферира на стил на лидерство во кој лидерите делегираат одговорности и задачи на членовите на тимот со минимално или без никакво мешање во нивната работа. Овој пристап гарантира неограничени можности во поглед на иновации и флексибилност. Меѓутоа, главниот предизвик кај овој стил на лидерство е степенот на меѓусебната доверба.
Харизматично лидерство
Харизматичните лидери се луѓе кои успеваат да ги привлечат другите со својот шарм и појава. Овие луѓе се самомотивирани, страсни за тоа што го работат и имаат високо ниво на самодоверба. Овој стил на лидерство е корисен за создавање на стабилна позиција на пазарот и придобивање на голем број следачи и промотори. Сепак, овој стим се смета за помалку поволен бидејќи резултатот првенствено зависи од лидерот.
Лидерството е важна особина која се бара насекаде, без разлика на тоа дали се работи за нашето семејство, оддел, организација или општество. Да се биде лидер доаѓа со свој пакет на одговорности и предизвици со кои лидерот треба да се справува ефикасно и стратешки. Идеален стил на лидерство не постои бидејќи од нашиот карактер зависи во какви води ќе пловиме и каде тие ќе не одведат во нашата професиона кариера.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.