Промоција на делата „Личен менаџмент“ и „Практикум по личен менаџмент“ од авторите Даниела Карадаков и Гордана Тасевска

од 24HR

„Посвети се на себе!“ е слоганот под кој ќе се промовираат делата Личен менаџмент и Практикум по личен менаџмент од авторите проф. д-р Даниела Карадаков и проф. д-р Гордана Тасевска, а во издание на Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје.

Учењето за личниот менаџмент претставува многу важна вештина која е основа за личниот успех. Ретко кој досега во македонскиот образовен простор посветил внимание на ефективното себеменаџирање. Повеќе се учи да ги менаџираме другите, отколку себе. Сé што се стекнува во насока на личниот менаџмент е интуитивно, а подобрувањето се прави благодарение на грешките и искуството.

Некои ги препознаваат симптомите на лош личен менаџмент дури откако ќе доживеат стрес или последици со кои не ќе можат да се соочат. Само тогаш се грижат да ги подобрат своите вештини.

Токму затоа авторите решија да ги создадат овие дела преку кои читателите ќе имаат можност поблиску да се осознаат себеси, да ги контролираат своите мисли чувства и постапки.

Онлајн промоцијата ќе се одржи на 30.06.2021 година со почеток во 19:00 часот на следниот линк чии промотери ќе бидат проф. д-р Маја Кузмановска – директор на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски, м-р Ана Салтирова Давидовски и м-р Дејан Маџовски – рецензенти на делата.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...