Растот и развојот на таленти ќе стане критичен дел од секоја деловна активност

од 24HR

Интервју со Хендрик (Дрикус) Криек – професор по лидерство на Школата за менаџмент IEDC-Блед и еден од говорниците на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси што ја организира МАЧР.

На неколку денови до почетокот на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси 24HR поразговара со Хендрик (Дрикус) Криек – еден од говорниците на конференцијата кој ќе зборува на темата “Leadership Identity: Unlocking the Leader Within”.

Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?

Улогата на човечките ресурси за отклучување на лидерството, за развој на талентот и за да им ги обезбеди на вработените вистинските вештини за да ги исполнат барањата на иднината никогаш не била поважна и ќе продолжи да биде така и во иднина. Поточно, како што видовите на потребни компетенции стануваат посложени, важноста да се расте и развива талентот ќе стане критичен дел од секоја деловна активност. Ова, исто така, неизбежно ќе ги придвижи човечките ресурси од основно кон стратешко ниво на организациски живот.

На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Идентитет на лидерството. Стана јасно дека развојот на лидерството е повеќе од само развој на вештини. Иако е вистина дека и лидерските и менаџерските вештини добија важност и се корисни за лидерите, успешното лидерство ја надминува примената на вештините или утилизацијата на специфични однесувања. Се работи за наоѓање на сопствен идентитет како водач, за да ви биде пријатно со тоа какви сте како лидер и како да подготвите патување кое е сразмерно со овој идентитет. Јас ќе споделам неколку насоки што можат да се користат по патот на развој на ефективен лидерски идентитет.

Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Мислам дека важноста да научиме едни од други и да ги споделиме нашите идеи и најдобри практики никогаш не била поважна. Затоа, со нетрпение очекувам да научам и да споделам, и се надевам дека ќе помогнам да се изградат лидерите кои ќе останат доследни на себе во иднина.

Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...