Онлајн платформата Glassdoor објави листа со топ 20 компании кои даваат најдарежливи плати и бенефиции, ги привлекуваат талентите на вистински начин и ги задржуваат вработените колку што можат подолго во своите редови.
Повеќето вработени една третина од денот ја поминуваат на своите работни места. Дел од нив, имаат доволно среќа да работат во компании кои ја препознаваат вредноста на своите вработени и ја наградуваат нивната продуктивност и ефикасност со соодветни награди и признанија. Сето тоа на крајот води кон среќна и задоволна работна сила.
За среќа, ако сте во потрага по нова работа или сте заинтересирани да пронајдете работно место каде што среќните и задоволни вработени се нормала, онлајн платформата за оценување на работни места Glassdoor ви стои на располагање со богатство на ресурси, вклучително и оценки и искуства од сегашни и поранешни вработени.
И покрај тоа што секоја компанија на интервјуто за работа ќе каже дека ги става своите вработени на прво место, анонимните мислења на луѓето кои се наоѓаат на оваа платформа всушност ќе ви дадат многу подлабок увид за вашиот следен работодавач.
Врз основа на тие мислења, Glassdoor неодамна направи листа од топ 20 компании со најсреќни вработени. На таа листа се наоѓаат компании кои даваат најдарежливи плати и бенефиции, ги привлекуваат талентите на вистински начин и ги задржуваат вработените колку што можат подолго во своите редови.
Еве кој се најде на листата со топ 20 компании со најсреќни вработени на Glassdoor:
- Bain & Company
- Zoom Video Communications
- In-N-Out Burger
- Procere Technologies
- Boston Consulting Group
- Lululemon
- Southwest Airlines
- Salesforce
- Intuitive Surgical
- St. Jude Children’s Research Hospital
- Slalom
- Power Home Remodeling
- HubSpot
- DocuSign
- Ultimate Software
- McKinsey & Company
- Paylocity
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.