Топ 5 трендови на работното место во периодот по Ковид-19

од 24HR

Компании од целиот свет се трудат колку што е можно подобро да се навикнат на „новото нормално“. Ова се петте трендови кои ќе следат во пост Ковид-19 периодот!

Ковид-19 во изминатите неколку месеци успеа од корен да ги промени работните места и организациите кои до вчера ги знаевме, со тоа што луѓето насекаде во светот се придржуваат кон носење маски и почитување на мерките за социјално дистанцирање.

Пандемската состојба, исто така, примора голем број организации да се префрлат на технолошки-ориентирана работа или опција за работа од дома. Во догледно време, ова ќе биде единствената алтернатива за бизнисите да продолжат да функционираат, а економијата да остане во добра кондиција.

Но, како тогаш ќе изгледа работното место во иднината?

Порталот The HR Digest издвои 5 трендови кои ќе го трасираат патот кон трансформација на работното место во периодот по пандемијата:

Иднина заснована на технологија

Сведоци сме дека технологијата има капацитет да го замени физичкото опкружување на работното место, правејќи го истото виртуелно – а тоа може да служи како диференцијатор за креирање на пофлексибилни работни места. Голем број на водечки организации и компании кои порано се двоумеа околу виртуелната работа брзо се прилагодија на новата состојба. Исто така, организациите полесно прифаќаат понови технологии за да ги редуцираат физичките контакти на работното место.

Променета работна средина

Ковид-19 доведе до поголема флексибилност на работните места и начинот на организација на работното време. На вработените им се нудат пофлексибилни временски рамки или опција за работа од далечина, а тоа води кон повисока продуктивност и е многу корисно за задржување на талентите.

Социјално дистанцирање

Социјалното дистанцирање на работното место е едно од примарните правила кои во моментов се следат со цел да се спречи и избегне ширење на коронавирусот. Ова значи дека компаниите и во следниот период ќе треба да се придржуваат кон променет редослед и прилагодени простории за да обезбедат почитување на базичните мерки за хигиена.

Интеграција на приватниот и професионалниот живот

Трансформација на домот во работна канцеларија за многумина значеше нарушување на балансот помеѓу животот и работата. Како што трендот на далечинско работење се очекува да продолжи, така ќе забележиме и дека работните места ќе се развиваат во насока да вклучат некои нови елементи кои ќе овозможат продуктивен баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Од една страна, тоа е неопходно за менталното здравје на вработените, а од друга страна за продуктивноста на компаниите.

Работа од дома

Коронавирусот ќе има трајно влијание и врз сценаријата за работа, односно како и каде ќе работат луѓето. Следејќи ги мерките и насоките за заштита од Ковид-19, сведоци сме дека компаниите се префрлаат на далечинска работа, а вработените работат од удобноста на своите домови. Целата оваа состојба е реалност благодарение на современите технологии за виртуелна колаборација.

Какво работно место не очекува во иднина?

Како што физичките работни места се менуваат, клучот се крие во флексибилноста на самите вработени. Иако проширувањето на просторот за работа е од големо значење, потребата од соработка и иновации е подеднакво важна. Со владините упатства кои бараат задолжително растојание помеѓу луѓето, физичките состаноци, заедничките канцеларии и популарните „океан“ канцеларии би можеле наскоро да станат минато.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...