Во тек е запишување на втората група на учесници на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ која ќе започне од 25 февруари 2021г!
Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ претставува единствена ваква академија во земјата, која нуди напредни вештини за менаџмент со човечки ресурси, лидерство и employer branding. Академијата има уникатен пристап, комбинирајќи 6 модули на “masterclass” предавања за напредни знаења и вештини и еден на еден сесии за менторство / коучинг на учесниците.
Првата група учесници на Академијата беа претставници на компании од ИКТ секторот, кои дадоа одлични препораки за корисноста и апликативната вредност на понудената програма за унапредување на нивните HR практики и подобрување на Employer Branding стратегијата на компанијата, со цел подобро позиционирање на компанијата на пазарот на трудот.
За ВИТА ИНСТИТУТ
(www.vitainstitut.com)
Мисијата на ВИТА ИНСТИТУТ е да обезбеди целосна професионална поддршка на компаниите да ги изградат своите капацитети преку воспоставување на системи за управување со човечките ресурси, дигитализација на процесите, како и преку развој на лидерството во компаниите и развој на организациската култура.
Тимот на ВИТА ИНСТИТУТ го сочинуваат докажани експерти за менаџмент со човечки ресурси. Лидерство и сертифицирани коучеви, како и подеднакво успешни партнериски организации.
Повеќе за Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ и начинот на пријавување прочитајте на следниот линк.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.