Интервју со Ангела Костова-Трпеска – виш експерт во глобалниот центар за развој на човечки ресурси на групацијата Дојче Телеком и еден од говорниците на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.
Како изгледа управувањето со човечките ресурси во рамките на големите интернационални организации? Зошто процесот на рескилинг е толку важен за нив? Како групацијата Дојче Телеком успеа да испорача и дизајнира својата програма за рескилинг на еден навистина агилен начин?
Одговорите на овие прашања ги има Ангела Костова-Трпеска – виш експерт во глобалниот центар за развој на човечки ресурси на групацијата Дојче Телеком која ќе зборува на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси што се одржува на 3ти и 4ти декември 2020 година.
Во меѓувреме, прочитајте го интервјуто кое Ангела Костова-Трпеска го даде ексклузивно за 24HR – главен медиумски покровител на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси.
Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?
Човечките ресурси се клучен стратешки партнер во обликувањето на иднината на секоја организација. Како прво, човечките ресурси треба да ги поддржат и да се консултираат за сите прашања поврзани со управувањето и планирањето на вештините, програмите за затворање на празнините во вештините и консултирање на бизнисот како на најдобар начин да се добијат квалификувани луѓе – без оглед на тоа дали се работи за „купи“, „изгради“ или „позајми“.
На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Јас ќе зборувам за целокупната програма за рескилирање за критични позиции во Дојче Телеком групацијата. Исто така, ќе објаснам како тимот за човечки ресурси ја дизајнираше и испорача оваа програма на навистина агилен начин.
Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Да добиеме увид во нови и експериментални програми во областа на развојот, рескилингот, културата на компанијата и начинот на размислување.
Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.
24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.