Љубовта кон луѓето и желбата за позитивни промени се основите на човечки ресурси

од 24HR

Интервју за љубовта кон човечките ресурси со Марина Трајковска, координатор за човечки ресурси во Цилиндо Интернационал АпС.

По неколкунеделна пауза до редакцијата на 24HR стигна нова инспиративна приказна од светот на човечките ресурси. Овојпат станува збор за Марина Трајковска која од позиција на координатор за човечки ресурси во ИТ компанијата Цилиндо ни раскажа за нејзината љубов кон човечките ресурси.

Која е Марина Трајковска?

Марина е првенствено голем љубител на животни. Пријателите ме сметаат за приземјена и емпатична личност. Слободното време го користам за поминување во природа со пријателите, возење на велосипед, читање на книги.

На професионален план сум дипломиран економист по сметководство, финансии и ревизија, која веќе 5 години е дел од тимот за човечки ресурси во Цилиндо Интернационал АпС.

Што ве натера да се вљубите во човечки ресурси?

Морам да признаам дека на старт и не беше баш љубов на прв поглед, со тоа што во оваа дејност влегов тотално неподготвена. Меѓутоа како личност која е емпатична и сака да работи со луѓе, среќна сум што го пронајдов својот скриен потенцијал, успеав да ги совладам сите предизвици и да се изградам во она што сум денес.

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

После завршувањето на студиите на Економскиот факултет во Прилеп, па  работење на работни места кои не беа поврзани со струката, патот ме донесе до вработување во ИТ компанија, на позиција асистент во канцеларија. За мене ова значеше можност да навлезам во ИТ секторот, понатаму и во делот на човечки ресурси и оттука да продолжам да се надоградувам и да се стекнувам со нови знаења и можности.

Кое е вашето најголемо достигнување од областа на човечките ресурси?

Не би можела да одвојам најголемо достигнување, затоа што во 5 годишната работa ги имало многу, но за мене најдраги се признанијата од менаџментот на компанијата. Како најнова иницијатива која мојот тим ја имаше беше воведување на еден од најдобрите светски софтвери за човечки ресурси, процес во кој бев активно вклучена од склучување на договор до имплементација и за кој можам да кажам дека беше едно големо искуство од кое бенефитите допрва ќе ги гледаме како тим и компанија.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во човечки ресурси?

Самиот термин укажува дека ќе работите со други луѓе. Секојдневните обврски на вработените во човечки ресурси се вртат околу интеракција со луѓе, без разлика дали се тоа интервјуа за работа или помагање на тековните вработени за нивните барања или прашања.

Сите оние што би сакале да навлезат во светот на човечки ресурси треба да знаат дека оваа дејност е постојано динамична, бара посветеност и надоградување како и големо трпение и разбирање , затоа што одделот „човечки ресурси“ се врската помеѓу вработениот и менаџментот на компанијата.

Што мислите за порталот 24HR?

Во нашата земја каде „Човечки ресурси“ се сеуште во подем, 24HR дава една свежина со своите колумни и истражувања, разноликост на профили и искуства. Правите одлична работа и ви посакувам уште поголем успех!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...