10 компании со најсреќни вработени во САД

од 24HR

Што е тоа што ги прави вработените среќни да одат на работа секој ден?

За повеќето луѓе, тоа е комбинација на она што го нуди работното место, во смисла на можности да направат импакт, да растат професионално, да работат во позитивно опкружување и да се гордеат со мисијата на компанијата. Добрата плата и бенефитите се исто така од голема помош.

За да истражи на кои компании тоа им оди од рака, Comparably направи истражување за тоа кои вработени се најсреќни.

Веб страницата за кариера ја анализираше својата база на податоци од 10 милиони рејтинзи напишани од вработени во 50.000 американски компании за да утврди кои компании обезбедуваат најдобро целокупно искуство за своите вработени.

На првото место се наоѓа Zoom, компанија за видео комуникација со седиште во Сан Хозе, Калифорнија.

Признанието на Zoom како компанија со најсреќни вработени воопшто не е изненадување, со оглед на тоа како е основана компанијата. Имено, нејзиниот основач Ерик Јуан остави работа која му носеше заработка со 6 цифри затоа што не беше среќен на работа – и следењето на своето срце подоцна го направи милијардер.

„Секој ден, кога се будев, не бев премногу среќен. Јас дури и не сакав да одам во канцеларија за да работам“, изјави Јуан за CNBC Make It.

Јуан го основа Zoom во 2011 година, а неговата компанија во моментов брои над 1.700 вработени.

Еве ја целата листа на компании кои добија одлични оценки од страна на вработените:

  1. Zoom Video Communications
  2. LinkedIn
  3. Costco
  4. HubSpot
  5. Microsoft
  6. UiPath
  7. Workfront
  8. HEB
  9. Insight Global
  10. T-Mobile
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...