10 црти на „совршен“ шеф, според истражување на Google

од 24HR

По една деценија истражување, Google ја заврши својата студија под тајното име Project Oxygen. Нејзината цел беше да ги открие тајните состојки на совршениот менаџер, за потоа компанијата да може да ги развие тие вештини кај своите вработени. Резултатите уште еднаш потврдија дека емоционалната интелигенција е многу поважна од техничките вештини. Според Google, ова се 10-те однесувања кои ќе ги забележите кај добриот шеф.

Една компанија може да ги потроши сите пари на светот за да ги регрутира, интервјуира и вработи најдобрите луѓе на пазарот. Но, ако тие луѓе треба да работат за лош менаџер, тие ќе ја напуштат компанијата уште при првата прилика.

Спротивно на тоа, ако имате одлични менаџери и тим лидери, не само што ќе го извлечете најдоброто од вашите луѓе, туку и ќе ја зголемите веројатноста тие да останат во компанијата.

Повеќе од 10 години, Google спроведува истражување под тајното име Project Oxygen. Целта на истражувањето беше да ги открие тајните состојки на совршениот менаџер, за потоа компанијата да може да ги развие тие вештини кај своите вработени. Истражувањето се исплатеше бидејќи со текот на годините Google забележа значително подобрување на стапката на обрт на вработени, степенот на задоволство и нивниот перформанс.

Интересно е што, техничките вештини се многу помалку важни од очекуваното. Она што е далеку поважно е емоционалната интелигенција и способноста да се разберат и контролираат емоциите, како своите, така и на луѓето наоколу.

Во продолжение, 10-те карактеристики кои треба да ги поседува совршениот шеф според Google:

1. Добриот шеф е добар тренер

Наместо да го реши секој проблем веднаш штом се појави, добриот менаџер ја користи секоја шанса да го пренесе своето знаење и да му помогне на вработениот заеднички да го пронајдат решението.

2. Му дава сила на тимот и не микроменаџира

Добриот шеф им дава слобода на своите вработени да истражуваат, да преземаат ризици и да прават грешки. Тој, исто така, им ги обезбедува сите неопходни алатки кои им се потребни на луѓето и се залага за флексибилен начин на работа.

3. Создава инклузивна работна средина и се грижи за успехот и благосостојбата на вработените

Прави вработените да се чувствуваат сигурни дека нема да бидат исмејувани, понижувани или помалку вредни ако погрешат или постават прашање. За него, психолошки безбедната околина е приоритет.

4. Добриот менаџер е продуктивен и ориентиран кон резултати

Тој поставува добар пример за својот тим работејќи и не се плаши да ги засука ракавите и да ги мотивира своите вработени.

5. Вистинскиот менаџер е добар слушател

Активното слушање на вработените помага да се развие емпатија, меѓусебно почитување и градење на доверба. Токму затоа ова е уште една карактеристика на добриот шеф.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...