Работата од дома е тука за да остане, сметаат две третини од компаниите

од 24HR

Најново истражување спроведено од 451 Research покажа дека 67% од компаниите очекуваат нивната политика за работа од дома да стане перманентна или барем да остане функционална на подолг период.

Веројатно сте веќе уморни постојано да слушате дека работата од дома е тука за да остане. Но, најновите податоци укажуваат токму на тоа.

Едно ново истражување спроведено од 451 Research – одделение на S&P Global Market Intelligence – во кое се анкетирани 575 носители на одлуки на ИТ позиции во различни индустрии, откри дека дури 67% од испитаниците очекуваат политиката за работа од дома да остане во функција трајно или барем на долг рок.

Некои компании, вклучувајќи ги Twitter и Square, веќе ги известија своите вработени дека можат да работат од дома трајно. На овој начин, вработените би работеле целосно виртуелно, истовремено имајќи повеќе време на располагање за семејството и себеси.

За вработените кои се враќаат на своето работно место, враќањето во нормала не може да се очекува во скоро време. Истражувањето покажа дека 20% од испитаниците рекле дека нивните организации ќе продолжат со променети услови за работа барем до 2021 година. Тоа вклучува работа од дома, носење на заштитна опрема и физичко дистанцирање.

Од друга страна пак, 47% од испитаниците сметаат дека нивните компании веројатно ќе го намалат бројот на вработени кои треба да бидат физички присутни во канцеларија.

И кога ќе се земат предвид строгите безбедносни мерки потребни за безбедно отворање на деловните објекти, има смисла тоа што мнозинството од компаниите не брзаат да се вратат назад во канцеларија.

Иако истражувањето покажа дека околу 19% од организациите се подготвени да ги вратат вработените назад веднаш штом добијат дозвола за тоа, 25% планираат да почекаат еден месец или повеќе пред да го направат тоа. Една четвртина од компаниите сè уште немаат временска рамка за повторно отворање.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...