Експертот за лидерство Анди Саитовиц открива кои се 16-те есенцијални вештини кои треба да ги поседува секој лидер.
Лидер се станува, а не се раѓа. Постојат неколку основни вештини кои ќе ви помогнат да постапите правилно како лидер за прв пат, но за да се наречете вистински лидер потребно е едно сосема друго ниво на мајсторство.
На пример, да се има добри интерперсонални вештини е задолжително за која било лидерска позиција. Но, за да бидете извонреден лидер, треба добро да маневрирате со различните способности ориентирани кон луѓето, како што се емоционалната интелигенција, способноста за убедување и комуникацијата. Сите тие се различни и во смисла на разбирање, но и во својата практична примена, додека врската помеѓу нив е навистина тенка.
Но што друго една личност треба да поседува за да биде одличен лидер? Експертот за лидерство Анди Саитовиц открива кои се најважните вештини што секој лидер треба да ги совлада. Според неа, ова се 16-те вештини кои ќе ја засилат вашата позиција на лидер:
Слушање
Активното слушање е првата есенцијална вештина која треба да ја поседува секој лидер. Кога луѓето претчувствуваат дека нивниот глас се слуша, тие се чувствуваат ценето, и како резултат на тоа, имаат далеку подобар перформанс и желба за работа.
Емпатија
Емпатијата им овозможува на лидерите да ги разберат вистинските потреби на членовите на тимот. Со нејзина помош, лидерот може да изгради поперсонализиран и прилагодлив систем за управување што ќе им овозможи на луѓето да остваруваат подобри резултати.
Прочитајте > Правило од 85%: Како да бидете најдобри во вашата работа?
Трпеливост
Вистинските лидери ги ценат идеите и придонесот на другите. Тие создаваат простор каде секој поединец може да блесне, да ризикува и да се подобри. Тие ја разбираат вредноста што другите ја носат и знаат дека несекогаш се најпаметните во собата. Секогаш подготвени да ги признаат своите недостатоци и да побараат помош, што пак создава клима на психолошка безбедност и меѓусебна доверба – суштинска состојка за колективно лидерство и успешни тимови.
Учење
Лидерот никогаш не престанува да учи и да се гледа себеси како константен ученик. Без оглед на својата положба, тој останува љубопитен и секогаш поставува прашања со отворен ум, а на потрагата по континуирано знаење гледа како на стратешко средство. Овој начин на размислување им овозможува на лидерите да ги надминат евентуалните неуспеси на конструктивен начин. На неуспехот гледаат како на повратна информација која покажува дека секогаш постои подобар начин.
Волја
Не можете да ги мотивирате другите ако не сте мотивирани самите вие. Како лидер, волјата и амбицијата се особено важни за да им се наслика привлечна визија на другите. Лидерите со волја, страст, харизма и енергија обезбедуваат насоки и јасност пред своите луѓе, што служи како гориво за мотивација, особено кога станува збор за визијата и главните цели на компанијата.
Прочитајте > 1 тајна за мотивација што функционира кај секого
Оптимизам
Живееме во неизвесен свет. Но, најдобрите лидери секогаш имаат опстимистички поглед кон иднината, што им помага да го задржат духот на луѓето со кои работат на едно високо ниво. Лидерите кои се оптимисти веруваат дека можат да создадат позитивна иднина подобра од сегашноста. Тие влеваат надеж и верба кај своите луѓе и служат како светлина која го покажува патот кон сите недопирливи можности.
Еластичност
Големите лидери се жилави луѓе. Тие не се откажуваат при првиот настанат проблем. Тие очекуваат да се соочат со предизвици и разбираат дека еластичноста е вештина што може да ги подготви за полесно соочување со неизбежните препреки на патот. Оваа вештина ги трансформира лидерите во извор на храброст за целиот тим и им помага да ја одржат својата ефикасност кога работат под притисок.
Креативност
Креативноста е неопходна за поттикнување на иновации и иницирање на промени. Креативните лидери можат да ги видат работите од поинаков агол и да ги решат проблемите на свој начин. Тие промовираат култура на креативност во рамките на своите тимови.
Комуникација
Важно е лидерот да комуницира јасно, да биде убедлив и да ги мобилизира луѓето на начин на кој што тие ќе ги дадат очекуваните резултати. Така, лидерите се во состојба да делегираат, да ги промовираат другите и да воспостават ефективен систем на управување кој ќе им даде до знаење на вработените што е тоа што се очекува од нивна страна.
Реализација
Одличните лидери се визионери. Но, тие исто така знаат дека визијата не значи ништо доколку истата не се реализира. За лидерите ова значи одлучување, стратешко и критичко размислување, планирање и одговорност. Тие што го разбираат ова, ја базираат својата работа на поставување цели, почитување на рокови, мерење на клучни индикатори за успешност и анализирање на повратни информации.
Прочитајте > 7 компании за кои никогаш не треба да работите
Интегритет
Вие не може да се наречете вистински лидер доколку немате интегритет. Да се биде доследен на вашите вредности, работите кои ги кажувате и дејствијата што ги преземате е единствениот начин да ја изградите почитта која е неопходна за да бидете во позиција на лидер. Големите лидери го прават тоа што го зборуваат и ги живеат своите цели и вредности.
Самосвесност
Самосвеста и личното спознавање се напредни лидерски вештини кои треба да ги поседува секој успешен лидер. Зошто? Големите лидери даваат приоритет на нивниот личен развој и обрнуваат внимание на позитивни навики кои ќе им помогнат да ги подобрат своите перформанси. Тие се самомотивирани, полни со енергија и виталност и се силно посветени на тоа да станат најдобра верзија од себеси во секој аспект.
Емоционална интелигенција
Да се има високо ниво на емоционална интелигенција е неопходно доколку сакате да се наречете лидер. Градењето на добри меѓучовечки односи е основната компонента на врвното лидерство. За да се надминете себеси како лидер, неопходно е да разберете дека единствениот начин да ги натерате луѓето да „работат за вас“ е ако ги соберете и им кажете што е тоа што сите вас ве поврзува околу заедничката компаниска цел. И со оглед на тоа што ова вклучува балансирање на индивидуалните и колективните интереси, како и работа со различни засегнати страни и личности, емоционалната интелигенција е клучна.
Прочитајте > Емоционалната интелигенција е производ на нивики кои треба да се негуваат
Коучинг
Искусните лидери се исто така и тренери. Тие инвестираат во индивидуалниот развој на членовите на тимот и ги поддржуваат во остварувањето на нивните лични цели. Со една реченица, тие разбираат дека нивните луѓе се нивниот најскапоцен ресурс.
Решавање на конфликти
Конфликтите се лоши? Кој ви го кажа тоа? Напредните лидери знаат дека конфликтите и различностите се здрави и важни за да се управува ефикасно. Вистинската уметност на лидерот е во тоа да создаде амбиент каде конфликтите ќе се решаваат смирено и аргументирано, по пат на асертивност и без никој да се почувствува навреден. Лидерите мора да ја совладаат оваа компетенција за да развиваат поздрави односи во нивните организации, да создаваат пријатни работни места и да ги елиминираат токсичните работни средини. Значи, кога станува збор за вистински лидер, вештините поврзани со дипломатија, како што се преговори и медијација, се задолжителни.
Системско размислување
Да се биде лидер значи да се разбере поголемата слика. Лидерите треба да ги земат предвид сите односи и процеси во поширокиот систем и да ја согледаат целата организација за да можат да ги поврзат сите различни делови при носењето на клучни одлуки.
Прочитајте > Постојат 7 стилови на лидерство: Каков лидер сте вие?
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.