Иднината на организациите лежи во агилноста на човечките ресурси

од 24HR

Интервју со Џовани Оскар Серафини – предавач на департманот за бизнис администрација и економија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ и еден од говорниците на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.

Одбројувајќи ги последните мигови до отворањето на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која на 3ти и 4ти декември 2020 година ја организира Македонијската асоцијација за човечки ресурси, 24HR како главен медиумски покровител на настанот поразговара со Џовани Оскар Серафини – еден од говорниците на настанот. Целото интервју прочитајте го во продолжение.

Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?

Дефинитивно. На пример, кризата предизвикана од Ковид-19 откри дека на организациите коишто размислуваат далекусежно, софистицираните оддели за човечки ресурси им овозможуваат да го прифатат далечинското работење побрзо и поефикасно од некои други кои применуваат основен HR. По фазата на одговор, човечките ресурси ќе треба да ги концентрираат своите напори кон обнова во пост Ковид-19 периодот со цел да ја подготват организацијата за во иднина.

На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Темата е императивот на HR-от да ја прифати агилноста движејќи се напред. Ова не е предизвикано само од Ковид-19, туку тоа се бара од самите организации кои целат кон тоа да станат насочени кон клиентите.

Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Да дискутираме за развојот на улогата на лидерите за човечки ресурси во кризата по Ковид-19: откако одговорија на неа, лидерите за човечки ресурси сега треба да придонесат во фазата на закпрепнување којашто – како што советуваат деловните аналитичари – се очекува да биде пролонгирана.

Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...