KARIERA.mk е приказна за еден млад и ентузијастичен тим кој во последните 7 години работи на одлични проекти кои помагаат на општеството. Главната цел на нашето постоење е полесно интегрирање на луѓето на пазарот на труд со што истовремено успеваме да ги зацврстимe и збогатуваме тимовите на преку 5.700 компании клиенти од државата и регионот.
Седмата година од постоењето на KARIERA.mk ја одбележавме со почеток на еден голем и доста значаен проект во јануари 2023та кој го нарековме Kariera events, преку кој во текот на годината беа организирани повеќе настани и работилници за подобрување на вештините и знаењата на вработените од голем број на одлични компании од државата. Настаните беа во целосна организација на KARIERA.mk а спикерите беа странски експерти од компании како Google, Adidas, DHL и Nike.
За нас оваа година засекогаш ќе остане запаметена по успешните работилници во полето на маркетингот и човечките ресури, на кои успеавме да имаме над 250 учесници од преку 90 компании од државата.
Ви прикажуваме неколку интересни факти за огласите од последнава година:
Најмногу огласи оваа година имало за продавачи, комерцијалисти, програмери, возачи и кувари, додека најголем интерес имало за огласи за административни работници.
Најмногу огласи објавени во 2023та биле за локација Скопје и за позицијата ПРОДАВАЧ.
KARIERA.mk во осмата година планира да се фокусира кон имплементација на AI алатки во системот на работа и да продолжи да гo следи светскиот ритам на иновации како и досега.
Благодариме на довербата која постојано ја добиваме од македонските и странските компании, како и на заедницата од преку 186.000 корисници на нашата мрежа.
Во новата година очекувајте многу новитети, настани и супер енергија!
KARIERA.mk, 7 години посветена работа, автентичност и љубов!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.