75% од вработените што се родители размислуваат да ја променат компанијата каде што работат

од Marija Mladenovska

Колумна на Данче Азманова Мирчевска, контент креатор и основач на платформата workingmom.mk

Постојано чувство на прегореност, константен умор, грижа на совест што не поминуваат квалитетно време со своето дете, потфрлање да се воспостави здрав баланс кариера – приватни обврски. 

Ова се само дел од предизвиците што ги чувствуваат вработените што се родители. Со последните атоми сила, голем дел од нив мака мачат да бидат успешни на работното место, но и посветени родители што се стремат максимално го користат тоа малку преостанато време со што го имаат со детето во текот на денот.

Како ова да не е доволно, компанијата не секогаш знае како да ти помогне, да им излезе во пресрет на твоите уникатни потреби како родител. Флексибилноста што очајно ти е потребна – изостанува. 

Колегите те гледаат “на криво” кога ќе си заминеш порано од работа поради обврски околу детето. Како ти да си крив/а што ти се јавиле од градинка итно да си го земеш детето бидејќи имало температура или повраќало кутрото.

Затоа, не нѐ изненадува статистиката на National Bureau of Economic Research што вели дека 75% од вработените што се родители размислуваат да ја променат компанијата каде што работат. И со право.

Прашањето е:

Како може компанијата да ги поддржи вработените што се родители и да им покаже дека навистина се грижи за нивните потреби? А како резултат на тоа, да ги зголеми нивниот фокус и продуктивност што повеќекратно ќе се одрази на приходот на компанијата.

Решението е – ЕДУКАЦИЈА со практики што ќе можат уште истиот ден да се применат.

Веќе неколку месеци, како дел од платформата workingmom.mk, организираме сет од интерактивни работилници наменети за мајки и татковци без разлика на возраста на детето, за бремени жени и идни татковци.

Овие работилници не се класични предавања, туку интерактивни настани (повеќе како тим билдинг) каде што преку игра и динамични активности учесниците учат како да бидат својата најдобра, најпродуктивна верзија на работното место и во својот дом.

Работилниците се организираат во живо, во канцелариите на компанијата, траат околу 2 часа и ги обработуваат следниве теми:

  1. Work-Life Integration Workshop: Како можам да бидам фокусиран на работата и да бидам најдобриот и најпосветен родител за моето дете истовремено
  1. Self-Care Empowerment Workshop: Како да се грижам за себе, приватно и професионално, за да бидам најдобрата верзија од себе и на двата фронта?
  1. From Vision to Reality: Како стратешки да си ги поставам и остварам целите на приватно и професионално поле?

Зошто овие работилници се одлична инвестиција во вашите вработени?

  • Ќе се брендирате како компанија што е parents-friendly место за работење, а со тоа и ќе привлечете голем број на кандидати што токму тоа им е пресудно.
  • Ќе го зголемат задоволството на вработените и ќе го намалат ризикот дека тие ќе го напуштат работното место.
  • Ќе помогнат во зголемување на продуктивноста и фокусот на Вашите вработени.
  • Ќе го намалите стресот и прегореноста кај вработените.
  • Ќе го зголемите тимскиот дух, соработката помеѓу вработените и меѓусебната поддршка.
  • Позитивно ќе влијаете врз менталното здравје на Вашите вработени.
  • Лесен и ефективен начин за да им покажете на Вашите вработени дека навистина се грижите и вложувате во нив.

Ако сметате дека ова се теми што ќе дадат вредност и за вашите вработени, пишете ни за понуда на workingmommk@gmail.com 📩

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...