Мнозинството од HR професионалците се сложуваат дека флексибилниот модел на работа треба да продолжи и после Ковид-19.
Речиси сите лидери за човечки ресурси (91%) се подготвени да притиснат можноста за работа од дома да остане актуелна и по завршувањето на пандемијата, покажа најновото глобално истражување на HRD.
Тројца од четворица испитаници (72%) сметаат дека можностите за работа од дома се зголемиле од почетокот на кризата, при што скоро половина од сите анкетирани додале дека зголемувањето е „значително“.
Поголемиот дел од работодавците им овозможија на своите вработени да работат од дома во изминатите неколку месеци. Двајца од тројца HR лидери велат дека ќе продолжат да нудат можност за работа од дома додека трае кризата.
Повеќето лидери (74%), исто така, споделија дека не успеале да ја прилагодат својата политика за боледување на пандемијата на Ковид-19. Меѓутоа, HRD откри дека 13% имаат план да направат промени.
Од друга страна, околу 16% од работодавците веќе успеале да ја прилагодат политиката.
ПРОЧИТАЈТЕ: Ковид-19 ги отвора вратите за четиридневна работна недела
Истражувањето покажа и кои мерки се најчесто преземени од страна на одделенијата за човечки ресурси во тек на кризата. Тоа се:
- Социјално растојание на работното место (38%)
- Ограничување на службените патувања (26%)
- Нови хигиенски стандарди (18%)
- Заштита на менталното здравје (13%)
На прашањето од што најмногу стравуваат, испитаниците велат дека се најзагрижени за вториот бран на Ковид-19. Скоро половина од нив (47%) изјавиле дека се „многу“ загрижени за вториот бран. Еден од тројца (33%) е „малку“ загрижен, а речиси еден од пет (19%) е „крајно“ загрижен.
Само 2% од лидерите за човечки ресурси изјавиле дека воопшто не се загрижени за вториот бран на Ковид-19, покажува истражувањето.
Кога може да очекуваме враќање во нормала?
HR лидерите споделија и кога очекуваат дека бизнисот и начинот на работа ќе се врати во нормала. Повеќето од нив (36%) предвидуваат дека ќе бидат потребни од шест месеци до една година, а 30% од анкетираните сметаат дека ќе биде потребно повеќе од една година.
Сепак, некои се оптимисти дека сето ова ќе трае многу пократко – 20% сметаат дека работите ќе се вратат во нормала во следните три месеци, а други 14% велат дека моменталната ситуација ќе трае максимум шест месеци.
И додека здравствената криза засега може да се каже дека е „стабилна“ во повеќето делови на светот, има навестувања за нов бран на случаи, со Кина, земјата во која започна ширењето на коронавирусот, која забележува пораст на бројот на инфекции. Па затоа, се прашуваме што значи „враќање во нормала“ во сегашниот контекст?
Пријанка Ананд, потпретседател и директор за човечки ресурси за Југоисточна Азија, Океанија и Индија во Ериксон, за HRD изјави дека лидерите треба да управуваат со сопствените очекувања за да избегнат разочарување или какви било преамбициозни планови.
„Она што е важно е дека треба да се ослободиме од митот и лажното очекување дека враќањето на работа ќе биде како старото нормално… дека ќе бидете продуктивни на нивото на кое сте биле пред да се случи Ковид-19“, вели Ананд.
„Сè уште не мислам дека ќе го имаме старото нормално битие во новата нормална состојба – дека 100% од луѓето ќе бидат во канцеларија цело време. Тоа е модалитетот на кој работиме“, додава Ананд.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.